ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Комисијата за прашања на изборите и именувањата одржа две седници

July 21, 2021 17:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ги одржа 13-та и 14-та седница. Членовите на оваа комисија не дискутираа за предлогот за избор на судии на Уставниот суд, иако оваа точка беше на дневен ред на 13-та седница.

Пред утврдување на дневнниот ред на 14-та седница, во процедурална забелешка пратеникот Антонио Милошоски говореше за стенограмските забелешки од седницата. Според него, целта е со вакви, како што рече, скандалозни водења на седниците да се покријат контраверзните предлози за избор на уставни судии, како што е генералниот секретар на СДСМ Цветанка Иванова и други, според него, неистакнати правници да бидат членови на Уставниот суд. Посочи дека Цветанка Иванова нема ништо сработено како истакнат правник во својот работен век. Милошоски соопшти дека до Собранието, до претседателот на Собранието и до претседателот на Комисијата се стигнати најмалку седум предлози за уставни судии, кои се кријат, се со цел, како што рече, да се протне Иванова.

Претседателот на Комисијата Костадин Костадинов рече дека точката не била отворена и посочи оти начинот на избор и на номинирање согласно закон е комплетно во надлежност на Комисијата, односно на членовите и замениците.

-Можеби колегите ќе ве предложат и вас за уставен судија и Гордана Силјановска – Давкова, но, тоа не можеме да знаеме. Затоа пред да ја отвориме точката треба да почекаме да дојде продолженето на 13-та седница на Комисијата, а тоа ќе биде по завршување на оваа нова 14-та седница, рече Костадинов.

Членовите на Комисијата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираа за текот и работата на Комисијата и на претседателот Костадинов. Костадниов апелираше да нема навреди кон пратениците и службите на Собранието. Потенцира дека е констатирана грешка затоа што гласал заменик-член на Комисијата кога бил присутен и член, и тој бил изброен.

Во рамки на 13-та седница, Комисијата со седум гласа „за“, без воздржани и без против го избра Едмонд Адеми, советник за надворешна политика на премиерот, за претставник во Националниот совет за евроинтеграции. Пратеникот Никола Мицевски беше избран за претседател на пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Грузија, а за членови Даниела Марковска, Мухамед Кадриу, Бастри Бајрами, Ели Панова, Петар Ристески, Ане Лашкоска, Рина Хајдари и Сурија Рашиди.

Исто така беа именувани членови на повеќе институции, како Анета Стефковска за член на Државната комисија за жалби по јавни набавки, Тања Ковачев и Александар Давчевски за членови на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, Ана Николоска за член на Комисијата за заштита на конкуренцијата, Ѓорѓи Михаилов за член на Комисијата на Агенцијата за пошти, Раде Лазаревски за претседател и Александар Наковски и Бујар Зендели Гафури за членови на Управниот одбор на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор. Беа разрешени и именувани нови претседатели и членови на повеќе Одбори за доделување на државните награди „11 Октомври“, „Мајка Тереза“, „Св. Климент Охридски“, „Мито Хаџи Василев Јасмин“, „22 Ноември“ и „Мето Јовановски“.

Членовите на Комисијата ја донесоа и одлуката за определување коефициент за утврдување на платата на претседателот и на членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки и го разгледаа барањeто за остварување надомест за закупнина на стан поднесен од пратеничка. Претседателот на Комисијата Костадин Костадинов ја прекина седницата и рече дека пратениците дополнително ќе бидат известени за продолжувањето.

Next Post

Царовска: За прв пат воведуваме стипендии за докторанди во земјава, а ја враќаме и поддршката за постдипломците

НАЈНОВО

Скриншот

Хегсет до шверцерите на дрога: Ќе ве ловиме и ќе ве убиваме

October 24, 2025

Прилепскиот основен суд ги отфрли жалбите и го потврди притворот за 6 лица за случајот со болницата

October 24, 2025
Скриншот

Рубио: Безбедносните сили во Појасот Газа ќе бидат составени од земји за кои Израел нема да има забелешки

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk