Неделава од печат излезе „Галби“, деветтата поетска збирка на поетесата Љубица Неделковска.
Таа е член на Друштвото на просветни работници – литературни творци, добитник е на бројни признанија од домашни и регионални поетски манифестации.
Љубица Неделковска е родена во с. Бабино, Демир Хисар. Од најраното детство живее во Скопје, каде што завршила основно и средно образование, учителска школа. Дипломирала на филолошкиот факултет во Скопје, на групата за македонски јазик и историја на книжевностите на јужнословенските народи. Работела како професор по македонски јазик во неколку скопски училишта.
Пишува поезија за возрасни, а има и една збирка поезија за деца насловена „Ана првата дама на Топаана”





