ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ФЕМИНА

Ангеловска-Бежоска вклучена во иницијатива на „Централ бенкинг“ – промовирање на рамноправноста, различноста и инклузијата

July 25, 2021 11:04
in ДЕНЕС, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска е вклучена во иницијативата на водечкиот глобален информативен сервис за централно банкарство и финансии, „Централ бенкинг“, за промовирање на рамноправноста, различноста и инклузијата. „Централ бенкинг“ објави авторски текст на гувернерката, во кој се наведува дека родовите, етничките и културните разлики се голема придобивка за институционалната култура, како и во креирањето и спроведувањето на политиките.

-Сѐ повеќе податоци укажуваат на тоа дека различноста, наследена – како расата и полот, или стекната – како искуството и културната позадина, се поврзани со деловниот успех, бидејќи носат хетерогеност на вредности, верувања и ставови. Хетерогените тимови можат да доведат до подобра институционална култура, што ќе им помогне на централните банки ефективно да одговорат на промените, наведува во текстот гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката посочува дека повеќе емпириски податоци укажуваат дека учеството на жените во комитетите за монетарна политика е поврзано со подобри перформанси во однос на ценовната стабилност.

Анализа на податоци од осум земји, чија монетарна политика е таргетирана во однос на ценовната стабилност, како што е наведено во „Централ бенкинг“, покажува дека централните банки водени од гувернерки ставаат поголем акцент на стабилизирање на инфлацијата во споредба со оние што се водени од нивните машки колеги.

-Во нашата централна банка близу 60% од вработените се жени. Близу 70% од раководните позиции во Банката се пополнети од жени. Народната банка е силна институција од аспект на родовата застапеност. Но, може да се стори повеќе за натамошно подобрување на нашата институционална култура. Во моментов го разгледуваме и унапредуваме нашиот Етички кодекс, како дел од настојувањето постојано да се унапредува нашата институционална култура. Сакаме уште повеќе да ги поттикнеме сите вработени да го почитуваат диверзитетот: половата припадност, етничката припадност, карактерот, образованието и мислењето, посочува гувернерката.

Ангеловска-Бежоска укажува и дека има потреба од поголема вклученост на жените на раководни позиции во финансискиот сектор. Како што беше соопштено неодамна, кај нас, учеството на жените во управните и надзорните одбори на банките изнесува околу 30 отсто.

Во објавата на „Централ бенкинг“, гувернерката посочува дека од особено значење е поголемата финансиска инклузија на жените, односно нивен поголем пристап до финансиските производи, бидејќи на тој начин се поттикнува економскиот раст и се намалува јазот во доходовната нееднаквост.

Неодамна, „Централ бенкинг“ ја издвои Ангеловска-Бежоска меѓу трите гувернерки од светот коишто успешно се справуваат со предизвиците од корона-кризата.

Next Post

Заев: По 50 години се обновува патот на Галичица кој ги поврзува убавините на Преспа и Охрид (ВИДЕО)

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk