ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Џафери-Ведова: Реафирмирана важноста од континуиран политички дијалог во насока на јакнење на соработката меѓу двете држави

July 26, 2021 14:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска оствари средба со Бенедето Дела Ведова, заменик-министер за надворешни работи на Италија, кој престојува во официјална посета на земјава.

Претседателот Џафери изрази задоволство што билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Италијанската Република се традиционално добри и пријателски, а економската соработка го одржува оптималниот тренд.

Како што соопштија од собранискиот Сектор за односи со јавноста, Џафери истакна дека особен акцент ставаме на интересот за продлабочување на севкупната соработка меѓу двата парламента, јакнење на односите меѓу Северна Македонија и Италија рамноправни сојузници во НАТО, како и меѓу нашите две делегации во рамките на Парламентарното собрание на Алијансата.

– Особено се цени конструктивната соработка и во рамките на Јадранско- јонската иницијатива и Централно европската иницијатива, каде Италијаската Република има клучна и активна улога и дава силен придонес кон јакнењето на меѓусебните релации на земјите членки, изјави претседателот на Собранието и се заблагодари на постојната поддршка на италијанскиот Парламент, кој со резолуциите што ги донесува дава искрена и недвосмислена поддршка на нашите евроинтеграции.

Дела Ведова изрази задоволство од традиционално добрата билатерална соработка која нема отворени прашања, добрите релации меѓу двата парламента, а посебно се осврна на интензивните активности на италијанските институции во рамки на ЕУ да обезбедат почеток на преговорите за Северна Македонија и Албанија.

– Информираше дека ставот на италијанската Влада е што поскоро отворање на преговарачката рамка, а отворените билатерални прашања да немаат влијание врз процесот на евроинтеграција и за италијанскиот предлог во идните дискусии во конференциите за „Иднината на Европа” задолжително да се вклучат младинските политики, односно гласот на младите, и тоа не само од земјите членки на ЕУ, туку и од земјите од Западен Балкан. Се заложи за посилна трговска соработка меѓу двете држави, како и посилен продор на италијанските инвестиции во Република Северна Македонија, особено во сферата на патната инфраструктура и енергетиката, стои во соопштението од собранискиот Сектор за односи со јавноста.

Соговорниците, се посочува во соопштението, споделија и заеднички видувања околу трендот на намалување на кредибилитетот на ЕУ на овие простори доколку се продолжи со забавеното темпо на евроитеграција на земјите од Западен Балкан, потоа стравот од можни несакани влијанија на трети земји, како и јакнење на евроскептицизмот.

Тие ја реафирмираа важноста од континуиран политички дијалог во насока на јакнење на севкупната билатерална соработка меѓу двете држави.

– Беа искажани заложби за особено унапредување на меѓупарламентарната соработка и споделување на заедничките искуства од надворешната политика и парламентарната дипломатија, се додава во соопштението.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Џамбо Агушев: Со мојата музика ширам соживот и љубов

НАЈНОВО

Шпанскиот премиер побара Израел да биде исфрлен од меѓународниот спорт

September 16, 2025

Завршна декларација од Доха: Итнo прекин на агресијата врз Палестинците и санкции за Израел

September 16, 2025

Фондацијата „Никола Кљусев“ го организира регионалниот собир за кинеско-балканските односи

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk