ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Штом се формира влада во Софија интензивно ќе се ангажираме за пробив уште во септември

July 30, 2021 12:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Откако ќе се формира новата Влада во Софија, после 15 август ќе се интензивираат разговорите со цел да се направи евентуален пробив уште во септември, изјави денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи одговарајќи на новинарско прашање за преговорите со Бугарија.

– Можеме интензивно да се ангажираме за евентуален пробив уште во септември. Доколку има политичка волја да се разреши ова прашање што негативно влијае и на позициите на Бугарија воопшто, мислам дека може да се најде начин, а германското и португалското претседателство покажаа дека има решение. Тие предлози ги презеде словенечкото претседателство и се надеваме дека штом се формира влада после 15 август ќе можеме интензивно да се ангажираме за евентуален пробив уште во септември. Меѓутоа, не сакам притоа да ги кренам очекувањата на јавноста по однос на ова прашање. Тоа што ние работиме ние сме конструктивни, подготвени да влеземе во сериозен дипломатски ангажман за да ги надминеме разликите во рамки на позициите коишто ги има државата, што вчера уште еднаш се потврдија во Собранието, рече Османи.

Според Османи, важно е да се создаде политичка предвидливост во Бугарија, бидејќи тоа се покажало како клучно во понатамошниот прогрес на разрешување на овие разлики што ги имаме.

– Очигледно тоа се покажа како клучно, иако и моите очекувања, а и така се очекуваше дека не би требало да биде проблем, фактички има техничка влада, бидејќи одлуката за првата меѓувладина конференција треба да е техничка одлука, бидејќи политичката одлука за почеток на преговори, ЕУ веќе ја има донесено уште во март 2020 година. Меѓутоа, се покажа дека сепак е потребно политичка влада, така што ова ќе го одвојам како прво прашање од кое што ќе зависи понатамошната динамика на разговорите, иако тие разговори не се прекинати и со техничката влада, рече Османи на заедничката прес-конференција со неговата косовска колешка Доника Гервала Шварц.

Османи истакна дека комуникацијата продолжува по однос на одредени прашања во делот на одржување на втората меѓувладина комисија во однос на дефинирањето на патоказот, меѓутоа сепак ќе зависи од тоа дали ќе има политичка влада во Бугарија.   

– Откако ќе се формира владата тогаш ќе ги слушнеме кои се позициите на новата политичка влада по однос на ова прашање. Меѓутоа едно е јасно, и во интерес е на Република Бугарија ова прашање да се реши. Ниту Бугарија верувам не сака да биде во позиција да го блокира целиот регион и европската перспектива на регионот со сите последици коишто може да ги има блокирањето на тој процес во регионот, дециден е Османи.

Вчера и премиерот Зоран Заев рече дека разговорите со Бугарија за изнаоѓање решение за отворените прашања и надминување на ветото за ЕУ ќе продолжат веднаш откако ќе се формира влада во Софија по предвремените избори во земјата одржани претходно овој месец.

Собранието вчера ја усвои Резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции, поднесена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Резолуцијата во Собранието беше изгласана со 95 гласови „за“, а еден беше воздржан. Претходно, пратениците го поддржаа амандманот поднесен од група пратеници во Резолуцијата да се внесе уставното име на државата, Република Северна Македонија.

извор: МИА

Next Post

Царовска: Создаваме општество во кое различностите во јазикот и културата ќе се гледаат како предност

НАЈНОВО

Орце и Мицкоски Скопје „72 часа чисто Скопје“

„Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

November 6, 2025

Рокас до Мицкоски: ЕУ е на ваша страна во овој процес, но одговорноста е ваша

November 6, 2025

Мицкоски за Извештајот од ЕК: Остануваме целосно посветени на европскиот пат

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk