Сите институции, посветено работевме, денес да ја имаме шансата, односно да создадеме аргументи, да не биде Охрид прогласен под опасност од страна на УНЕСКО. Денес успеавме. Тоа мора да ни биде мотивација и обврска Охрид да го развиваме со усул, водејќи грижа за ова богатство, кое е првиот тригер за привлекување на туристите во Охрид и во Струга. Ја имаме одговорноста сите да продолжиме по тој пат.
Ќе има промени во текстот на Изборниот законик, ќе има некои подобрувања. Начално е постигната согласнот меѓу големите четири партии во која насока да се оди, и очекувам веднаш по одморите, на средина на август, овој закон да биде изгласан во Собранието.
Во моментов се прави анализа во делот на имунизација и на препораките за евентуална трета доза на вакцина. Сега не може да се претпостави дали оваа вакцина ќе стане сезонска, но верувам дека до крајот на годината ќе се знае, заради тоа што врз основа на тоа ќе ги димензионираме количините за целата следна година.
Проблемот со издавање на лични карти е од сосема друга природа. До денеска околу 15-ипол илјади граѓани не можат да ги подигнат личните карти, заради тоа што Законот за личните карти е блокиран во Собранието. Ние неколкупати инсистиравме во однос на ова законско решение да се донесе, но истото е блокирано со 1.507 амандамни.
Состојбата во земјава е стабилна нема драстично зголемен број на хоспитализирани пациенти кои се лекуваат во болниците. Вакцинацијата се спроведува во сите вакцинални пунктови во државата, во салите се одвива ревакцинација, но голем е интересот и за теренска вакцинација која е во фокус целиот овој период.