Џенифер Анистон во ново интервју за „Инстајл“, признава дека ги прекинала односите со неколку луѓе од нејзиното опкружување поради нивниот став околу вакцините, пренесе МИА.
– Само што изгубив неколку луѓе во мојата неделна рутина, кои одбиле или не откриваат (дали се вакцинирани или не), и тоа беше жално… Сметам дека е ваша морална и професионална обврска да кажете, бидејќи не се тестираме сите секој ден. Незгодно е затоа што секој има право на свое мислење – но многу мислења не се засноваат на ништо, освен страв или пропаганда, вели Анистон.
Таа инаку, важи за истакната и ревносна интернет-поборничка за анти-ковид мерките, како што се маските и социјалната оддалеченост.