Богатството на поп-пејачката Ријана сега се проценува на 1,7 милијарди американски долари, што ја чини најбогата музичарка во светот. Но, музиката не е најголем извор на нејзиното богатствo.
Поголемиот дел од парите на пејачката родена на Барбадос, чие вистинско име Робин Фенти – во вредност од 1,4 милијарди долари, доаѓа од 50 отсто од акциите во козметичката линија „Фенти бјути“, објави списанието „Форбс“.
Дел од приходите на Ријана доаѓаат од нејзиниот удел во брендот за долна облека – „Севиџ екс Фенти. Козметичката компанија на Ријана, чија втора половина ја поседува „ЛМВХ“, е позната по широката палета од 50 тонови за кожа, вклучително и темни тонови за жени со темна кожа, што беше реткост кога компанијата почна со работа во 2017 година. Како резултат на тоа, фирмата стана лидер во оваа индустрија.
Пејачката сега е втората најбогата жена од светската забавна сцена, зад Опра Винфри.