ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Благодарност до сите вклучени во гаснењето на пожарите, продолжува вложувањето во човечкиот капитал, велат од СДСМ

August 9, 2021 10:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Огромна благодарност за пожарникарите, војниците, полицајците, доброволците, но и до сите што преземаат натчовечки напори во борбата со пожарите. Наши најголеми борци деновиве, за својата посветеност ќе бидат наградени со финансиски надоместоци согласно законите и колективните договори. Како благодарност за пожртвуваноста и посветеноста, Владата донесе одлука за доделување парична награда од по 10.000 денари за вкупно 300 лица од кои најголемиот број се пожарникари, соопштија од СДСМ.

„Град Скопје и повеќе општини, дополнително ќе им доделат награди од 10.000 денари на 194 пожарникари коишто се дел од трите екипи што учествуваат во гаснењето на пожарите низ државата.

Во изминатите четири години постојано работиме на унапредување на социо-економската положба на пожарникарите, на безбедноста на нивните работни места, на зголемување на капацитетите, набавка на нова опрема.

Со новиот закон за пожарникарството ќе креираме решенија што ќе значат подобра социо-економска положба на пожарникарите.

Платите на пожарникарите во Скопје, Валандово, Дечево, Неготино и во многу други градови се зголемени за околу 20% од декември 2020 година, додека основната плата на пожарникарите во просек е зголемена од 4.500 до 6.000 денари.

Новиот правилник за пресметка на платите на пожарникарите во Град Скопје гарантира повисоки приходи со што ја исправаме неправдата нанесена од Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ во годините кога спомениците им беа поважни од човечкиот капитал.

Противпожарна единица Берово, една од најпогодените деновиве, токму пред два месеца доби четири нови противпожарни возила и опрема за пожарникарите.

За првпат во земјава неодамна е набавено противпожарно возило со скала, што за жал, беше критикувано од неодговорната ВМРО-ДПМНЕ.

Со помош на пожарникарите, војниците, полицајците, доброволците ќе се избориме против огнената закана, а потоа ќе се посветиме на санирање на штетите, пошумувањето, како и на отстранување на проблемите кои се јавуваат во вакви случаи.

Одново покажавме дека за нас луѓето се најсилниот капитал на нашето општество.

Како одговорна, социјалдемократска партија продолжуваме да вложуваме во човечкиот капитал“, пишува во соопштението на СДСМ.

Next Post

Нагасаки денеска одбележува 76 години од нуклеарниот напад

НАЈНОВО

Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

October 30, 2025

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk