Дефект на водоводна цевка на бул. „АСНОМ“ 112 во Општина Аеродром вечерва го прекина водоснабдувањето на дел од корисниците и поплави поголем број возила паркирани пред зградите.
Поплавена е целата улица и паркингот покрај булеварот.
Од АД Водовод за МИА изјавија дека нивни екипи се испратени на терен и оти ќе работат се до отстранување на дефектот.
Извор: МИА