„Тажен ден беше вчера за Општина Карпош. Во период кога транспарентноста на процесот за носење на ДУП-от ЈОЗ Блок 7, за потегот околу Трнодол, во ниту еден момент не беше доведена во прашање се случи насилство, агресија и вандализам, што е за секаква осуда.
Според партијата, нападот врз службено лице на Општина Карпош, оштетата на имотот во УЗ „Кузман Јосифовски Питу“ се само потврда на насилството и свесното блокирање на работата на Општината.
„Дека вчерашниот инцидент не е случаен говори и фактот што засилено се пласираа лажни вести од страна на медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ. Бесрамно се јави и коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ и главен креатор на насилната и непланска урбанизација во Карпош, Стевчо Јакимовски. За потсетување, тогашниот градоначалник, а денеска обвинет Јакимовски, носеше ДУП-ови за време на празници, а за јавни презентации воопшто не стануваше збор.
Вчеравечер, блиски луѓе до ВМРО-ДПМНЕ имаа задача да направат хаос и да спречат одржување јавна презентација. Привремено успеаја и злоупотребија и други, совесни и чесни граѓани од Трнодол. Факт е дека транспарентноста на процесот не беше загрозена. Напротив. Јавната презентација беше закажана по завршување на работното време, а јавната анкета трае од 8:00 до 18:00 часот, 11 работни денови, до 27 декември 2019 година.Градоначалникот Стефан Богоев имаше и средба со засегнатите граѓани, на која се постигна согласност за сите клучни барања, истите се имплементираа во новиот предлог-ДУП, а претставниците на граѓани се потпишаа на записникот од средбата.Очигледна е намерата свесно да се креира криза во ситуација кога сите страни се согласни! ВМРО-ДПМНЕ најсигурно се чувствува во криза, во тепачки и сценарија за блокади, но граѓаните тоа нема да го дозволат. Режим, никогаш повеќе! Совесните и разумни граѓани знаат, на кога му одговараше вчера да не се одржи јавна презентација и да не се дознае вистината?Локалната самоуправа предводена од СДСМ и од градоначалникот Богоев ќе продолжат со отворениот процес, постојаната комуникација со сите страни, граѓани и медиуми“, се додава во соопштението.