ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Тилев за Фронтлајн: Длабоки реформи и ефикасна и рационална држава ќе не однесат поблиску до членство во ЕУ

December 23, 2024 15:22
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Бриселската Декларација, ако се чита површно, не е многу поразлична од сличните декларации кои се усвојуваат години наназад, со реторика на нагласена европска перспектива, наведувајќи ги позитивните аспекти на процесот, но и клучните предизвици“, вели за „Фронтлајн“, Драган Тилев – државен советник за европски прашања, зборувајќи за Бриселската Декларација за Западниот Балкан (18 Декември 2024).

– Декларацијата и не може да донесе или усвои ништо ново за Македонија, од она што е веќе усвоено на Советот на ЕУ на 18 јули 2022 година и последователно наваму. Обврските кога еднаш ќе се преземат и ќе се стават во правна рамка на ЕУ, заклучоци или и особено, Преговарачка рамка, тие можат да се променат само со едногласност во формална постапка. За Македонија е важен, според мене, политичкиот моменти во Декларацијата, каде стои дека земјата треба да ги имплементира меѓународните договори со Грција и Бугарија, иако до сега се користеше терминот билатерални договори, наместо меѓународни. Овој момент беше некако занемарен, а според мене не е безначаен. Изјавите на сите челници на ЕУ се во насока на избегнување на билатерализација на европскиот процес, и од тука се започна и со избегнување и на зборот „билатерални“. Ќе видиме како ова ќе се одрази понатаму во дефинирањето на следните документи поврзани со нашите билатерални отворени прашања, изјави Тилев за „Фронтлајн“.

Според него, позитивниот момент кај Бриселската Декларација е фактот дека кон неа е приложен и Анекс со очекувани резултати и приоритети за наредната година кои покриваат четири клучни области, тргнувајќи од Планот за раст и Реформските агенди 2024-2027, пресретнување на негативните економски моменти за регионот од Руската инвазија на Украина, продлабочување на соработката во делот на Заедничка надворешна и безбедносна политика и на крајот и областа нелегална миграција, борба против тероризам, и организиран криминал и корупција и соодветна правда.

– Кон овие четири клучни области се дефинирани и 15 подобласти и стотина стручни и конкретни теми, на кои мора да се работи со забрзано темпо. Од тука, не само што има надеж, туку со проактивен пристап, може да се продлабочат реформите и да се создаде поповолна клима и позитивна перцепција за нашата стратешка определба, а тоа значи и враќање на надежта. Промените лежат во реформите. Длабоки реформи и ефикасна и рационална држава, ќе не однесат поблиску до крајната цел, а тоа е функционални институции, безбедност за граѓаните и повисок животен стандард, секако и до полноправно членство во Унијата, нагласува нашиот соговорник.

Бриселскиот Самит се случи во време кога се очекуваат нови избори во Германија, нестабилна Влада во Франција, инаугурација на новиот Претседател на САД.

Дестан Јонузи

Tags: БриселБриселска декларацијаСкопјеСофијауставни измени
Next Post

Премиерот на Гренланд, Егеде му порача на Трамп: Гренланд не е на продажба

Shortcut

Најново

Архивска снимка - Белград, 30 март 2026 - скриншот

Србија гласа в недела: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

October 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk