ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

АИ: Во текот на борбите во Тиграј извршени се масовни силувања и осaкатувања на жени и девојчиња

August 11, 2021 09:35
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Амнести интернешнл во својот последен извештај, објавен денеска, наведува дека за време на конфликтот во етиопската област Тиграј систематското насилство врз жените и децата било екстремно распространето, при што стотици жени и девојки биле изложени на силување и осакатување.

Припадниците на армијата на Етиопија, полицијата во Еритреја, специјалните полициски паравоени сили во регионот Амхара и полицијата на Амхарик Фано користеле сурово сексуално насилство како оружје во воените конфликти, се наведува во извештајот составен по интервјуа со 63 жртви.

Жените и девојчињата биле жртви на индивидуално и групно силување, сексуално ропство, генитално осакатување и други форми на тортура. Жртвите постојано биле понижувани и во некои случаи биле силувани пред членовите на нивните семејства.

Според извештајот на Амнести интернешнл, здравствените центри во Тигреј регистрирале 1.288 случаи на насилство врз жени само во периодот од февруари до април 2021 година, а лекарите проценуваат дека многу жртви и не доаѓале да побараат помош.

-Јасно е дека силувањето и сексуалното насилство се користеа како оружје за да предизвикаат трајна физичка и психолошка штета врз жените и девојчињата во Тиграј. Стотици од нив беа подложени на брутален третман со цел да ги понижат и дехуманизираат, изјави главната секретарка на Амнести, Агнес Каламард.

„Со оглед на контекстот, обемот и сериозноста на сексуалното насилство извршено врз жените и девојчиња во Тиграј, овие злосторства може да се сметаат за воени злосторства, а, исто така, може да се сметаат и за злосторства против човештвото“, додаде Каламард.

Етиопските власти почнаа истрага и досега најмалку тројца војници се осудени за силување, а 25 од нив се кривично гонети за „сексуално насилство и силување“.

Борбите во северниот регион Тиграј почнаа во ноември 2020 година, откако премиерот Абиј Ахмед ја испрати федералната армија да се бори против Народниот ослободителен фронт на Тиграј (ТПЛФ), што во оовј регион од Етиопија доминираше повеќе од 25 години, до 2018 година, кога Абиј Ахмед стана премиер.

Во јуни, централната влада изненадувачки прогласи прекин на огнот, но борбите продолжија со драматични последици за локалното население. Според ОН, околу 400.000 луѓе во Тиграј гладуваат, а стотици илјади луѓе избегаа во соседните земји./МИА/.

Next Post

МОН: Во тек е повикот за субвенциониран студентски оброк, студентите да ја искористат можноста за месечен надомест од 2.400 денари

Најново

Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис за 2 и 3 мај: Моќта на интуицијата и тајните на Шкорпија

May 1, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026
Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис (1 мај): Процут на хармонијата и награда за балансот

April 30, 2026

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk