КОЈ ПОВЕЌЕ ИНВЕСТИРАЛ?
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов oбјави инфографик преку кој јасно се гледа зголемувањето на инвестициите во противпожарната бригада за време на неговиот градоначалнички мандат. Шилегов за време на својот мандат во противпожарната бригада за само 3,5 години (2018-2021) инвестирал 151,5 милиони денари, што е за 50% повеќе од сумата која ја инвестирал неговиот претходник Коце Трајановски во 8 години (2009-2017) која изнесува 101 милион денари.
Демант на лажните вести објави Дирекцијата за заштита и спасување, за наводно украдена пила од австриските пожарникари. Како што објавуваат од ДЗС во демантот, веста пласирана од извесен Бојан Петровски на неговиот Фејсбук профил, а преземена од одредени медиуми и социјални профили блиски на радикалната десница, е лажна вест!
Во Бугарија пропадна обидот на „Има таков народ“ за состав на нова влада, еден месец по изборите и единствениот резултат по се изгледа е организирање трети парламентарни избори оваа година наесен.
Во амбулантата на ЈЗУ Здравствен дом во изминатите два дена со прва и втора доза од „Фајзер“, „Астра Зенека“ и „Синовак“ биле вакцинирани 1.240 лица од кои во понеделникот 660, а вчера 580 лица од сите возрасти. Меѓу вакцинираните се поголем е бројот на млади, информира д-р Марина Тодоровска координатор на вакцинацијата во Велес и Велешко.
Регистрирани 588 нови случаи на заразени од Ковид-19 во последните 24 часа. Во тој период, извршени се 5.780 тестирања, а пријавени се осум починати лица, извести Институтот за јавно здравје.
Директорот на ПОЦ, Васко Кичевски демантираше учество во инцидент во кафеана во Дебар Маало. Претходно, сдк.мк објави текст со наслов „Во кафеана во Дебар Маало нападнат директорот на ПОЦ Васко Кичевски, во групна тепачка со стакло повредени и гости“, а веста беше преземена и од неколку други портали, директорот на ПОЦ, Васко Кичевски, со објава на неговиот фејсбук профил демантира дека бил учесник во инцидентот.
М. Миткоска