ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Вакцинирани се над половина милион граѓани, сè уште има активни пожари, Мицкоски е опасен по здравјето на граѓаните

August 12, 2021 12:01
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Досега се вакцинирани над половина милион граѓани. Од Министерството за здравство завчера информираат дека се вакцинирани 32 проценти од полнолетните жители на државата. Надминавме 1 милион аплицирани дози вакцини. Интересот за вакцинација од пред два дена е значитечно зголемен.

Политичкиот пироман Христијан Мицкоски е опасен по здравјето на граѓаните. Наместо да повика на строго почитување на новите мерки за заштита на граѓаните и масовна имунизација упорно застанува против мерките, стои во денешното соопштение од СДСМ.

Сè уште е активен пожарот кај селата Дивље и Крушје во Петровец, и се шири кон ливади со сува трева, а изгаснат е оној кај селата Раовиќ и Буковиќ, како и кај Топлица во Прилеп, информираат од Центарот за управување со кризи.

Фото: МИА

Јавниот конкурс за ангажирање реонски попишувачи и инструктори за претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите завршува денеска.

Првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов на својот Твитер профил напиша дека за момент поверувал дека моторната пила на австриските доброволци е навистина украдена бидејќи цел ден околу нив се „мотала“ делегација на ВМРО-ДПМНЕ.

Во пресрет на 20-годишнината од терористичките напади на Ал Каеда врз САД, администрацијата на претседателот Џо Бајден, под притисок на семејствата на жртвите, најави дека ќе објави дел доверливи документи за кои семејствата сметаат дека можат да ја расветлат врската на Владата во Ријад и киднаперите кои ги извршија нападите.

РЕНДГЕН: Талибанец.

Дезинформација е дека вакцините се извор на мутанти и болести. Дека вакцините се извор на мутанти и болести е надвор од секоја логика. Нема ниту еден податок од ниту едно релевантно истражување што може да ги потврди ваквите антиваксерски тврдења, стои во анализата од Вистиномер.

Актуелните мерки за патување на македонските граѓани во Грција, односно задолжителен документ за Ковид-19 и пополнет PLF формулар, продолжени се за уште една седмица, до 19 август.

Ј. Ѓ.

 

 

Next Post

Дождот помогна во гаснењето на пожарот на Евија, громови предизвикаа пожар на Халкидики

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk