ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Сите економски параметри се позитивни, економијата расте, НАТО отвори нова можност за македонските компании

August 12, 2021 23:09
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Уште една добра, убава вест за македонските компании: од овој месец можат да учествуваат на јавните тендери на НАТО, истакна на прес-конференција Димитар Ковачевски, член на Извршен одбор на СДСМ.

Годишниот буџет за којшто може да конкурираат македонските компании е околу 5 милијарди евра.

Законските измени се веќе направени и стапени на сила за оваа нова, огромна можност за македонските компании.

Членството во НАТО делува како катализатор за подобрување на економските потенцијали на земјите членки.

Вистинските политики отвораат перспектива а вистинските економски политики носат повеќе пари и подобар стандард за граѓаните.

Дека реализираме добри економски политики и мерки покажуваат сите економски показатели и параметри. Извозот на стоки од Република Северна Македонија во првите шест месеци од годинава бележи раст од 39,1%, во однос на истиот период лани. Извезени се стоки во вредност од 3,4 милијарди евра.

Дури и во криза, просечната плата континуирано расте и достигна 28.721 денари. Ова е особено важно за подобрување на економскиот стандард на нашиот народ. Невработеноста успеавме драстично да ја намалиме на историски најсниски 16%, иако имаше сериозни предизвици предизвикани од последиците на здравствена криза.

Токму оваа 2021 година, индустриските зони бележат рекордна активност највисока во изминативе дваесет години. Пакетите на антикризни мерки ја одржаа стабилноста на најпогодените во време на здравствена и економска непогода и овозможија брзо да се создадат услови за закрепнување и развој.

Бележиме за над 20% повисоки наплатени приходи споредено со минатата година. Сите овие бројки, овие економски показатели водат до заклучок дека Владата на СДСМ има добро осмислена економска политика и мерките кои се реализираат даваат конкретен резултат.

Буџетот е ликвиден, пред две недели државата се раздолжи за 500 милиони евра за еврообрзницата, која минатата власт ја зеде со превисоки камати, а ги трошеше за најнепродуктивни цели. Инвестираме во човечкиот капитал наместо во споменици. Повеќе не се трошат народните пари на неразумни скулптури, жални врби и барок туку во вистински економски политики и мерки кои носат повеќе пари кај граѓаните, кај компаниите и подобар животен стандард.

Како одговорна партија која се грижи за граѓаните, СДСМ продолжува со реализација на економската програма во интерес на граѓаните, фирмите, во интерес на сите.

Next Post

Симовски: Методологијата е заснована на правила на ООН, да не се бара алиби за пописот

Shortcut

Најново

Прием по повод отворање на Сараевскиот филмски фестивал (SFF), 14 август 2026 (фото извор: Obala Art Centar)

Блесок и ангажирана уметност: Преглед на 32-то издание на Сараевскиот филмски фестивал

August 18, 2026

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

Мисајловски на свечен собир по повод Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за вработените

August 17, 2026
Wild Fire - photos by Vecteezy

Огнено лето 2026: Екстремни пожари и климатски промени

August 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk