ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски-Робертсон: Охридскиот договор е позитивен пример за решавање на конфликти, кој гарантира стабилна и демократска иднина

August 13, 2021 15:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски, денеска имаше средба со поранешниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон, кој е во Скопје, по повод одбележувањето на 20 годишнината од Охридскиот договор.

Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на шефот на државата, Пендаровски на средбата ја нагласи клучната улога на поранешниот генерален секретар на НАТО, Робертсон во надминувањето на конфликтот во 2001 година и постигнувањето на Охридскиот рамковен договор.

-Двајцата соговорници констатираа дека и од оваа временска перспектива, договорот е позитивен пример за решавање на конфликти, кој истовремено на државата и гарантира стабилна и демократска иднина, односно институционално надминување на сите предизвици. Претседателот Пендаровски истакна дека, денес, Охридскиот договор речиси воопшто не се квалификува како одредена закана и дека унапредувањето на правата на одредени етнички заедници, може да води исклучиво кон позитивни општествени процеси, стои во соопштението.

На средбата биле разменети мислења и за севкупната соработка меѓу Северна Македонија и НАТО, за реализацијата на проектите во рамки на Алијансата, како и за реформските процеси во областа на одбраната. Двајцата соговорници го нагласиле важниот придонес на државата во безбедносната сфера, како клучен предуслов за стабилност и економски просперитет во регионални и во глобални рамки.

Претседателот Пендаровски и поранешниот генерален секретар на НАТО, Робертсон разговараа и за актуелните состојби поврзани со интеграцијата на Република Северна Македонија во Европската Унија, како и за напредокот на државата во клучните реформски области. Во тој контекст претседателот Пендаровски изрази благодарност за континуираниот придонес на поранешниот генерален секретар на НАТО, Робертсон, за поголема видливост и вреднување на напорите на нашата држава со цел придвижување на евроинтеграцискиот процес, се посочува во соопштението.

Next Post

На Деве Баир одземено злато во вредност од девет милиони денари

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk