ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Авторките на учебникот по српски јазик: По долги години првачињата добиваат учебник на својот мајчин јазик

August 14, 2021 11:06
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Учениците кои наставата од прво одделение ја следат на српски наставен јазик, од новата учебна година ќе добијат материјали за учење на својот мајчин јазик со што ќе биде исполнета една огромна празнина која се чувствуваше со години наназад во образовниот процес, велат авторките на учебникот по српски јазик, Билјана Спасовска, Дарија Ковачевиќ-Божиновска и Милица Маринковиќ.

„Сите знаеме дека моментите на поаѓање во училиште и држење на првиот буквар се памети целиот живот, а учениците беа ускратени за тоа непроценливо искуство. Затоа со задоволство се јавив на конкурсот за изработка на наставните програми, а посебно на учебниците по српски јазик за 1. одделение. Со пишувањето на овој материјал првачињата новата учебна година ќе ја започнат со еден содржински богат и колоритен учебник кој ќе им биде основа на описменувањето и негувањето на својот мајчин, српски јазик”, вели Спасовска.

Нејзината колешка Ковачевиќ-Божиновска потенцира дека наставниот материјал во прво одделение по новата концепција ќе биде реализиран преку неколку подрачја како што се слушање и говорење, почетно читање и пишување, литературно изразување, творење и медиумска култура.

„Најголемата новина е таа што во прво одделение започнува описменувањето и се надевам дека првачињата со леснотија ќе го совладаат тој предизвик, преку игра, забавни активности во согласност со возраста на децата. На сите ученици, а особено на првачињата им посакувам среќен и успешен почеток на новата учебна година, кој се надевам ќе вроди со плод преку новиот начин на учењето”, вели Ковачевиќ-Божиновска.

Од први септември наставата во прво и четврто одделение ќе започне според новата Концепција, по нови наставни програми и со нови материјали за учење. Целта на Концепцијата е да го поттикне кај учениците критичкото размислување и носењето заклучоци врз основа на анализа, при што знаењата ќе се стекнуваат преку учење со разбирање, без досегашното фактографско меморирање. Истовремено, со Концепцијата е предвидено и учење и стекнување на основни граѓански вредности, како што се заштита на животната средина, медиумска писменост, недискриминација и заштита од корупција.

Планот е реформата во деветолетката да се спроведува етапно и целосно да се имплементира во следните 5-6 години.

Next Post

Кривична пријава против дебранец за „предизвикување шумски пожар“

НАЈНОВО

Фото: Народен театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп

Во прилепскиот театар се подготвуваат претставите „Црнила“ и „Ловец во р’жта“

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025

Нова цена на ЕУРОДИЗЕЛ од полноќ

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk