ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Вечерен преглед: Гори шумата во Сарај, гужви на Табановце, Мицкоски „пукна“ на социјалните мрежи

August 14, 2021 21:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Пожар (фото: МИА)

Пожар (фото: МИА)

Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе од еден час се чека на граничниот премин Табановце за излез од државата, соопшти попладнево Авто мото сојузот на Македонија.

Дваесет и осум годишна медицинска сестра вработена во кичевската Општа болница, почина од компликации од Ковид 19. Таа со тешка клиничка слика пред три дена  била префрлена на скопските клиники, каде што и починала. Не била вакцинирана.

Пожарот кај село Раовиќ во Општина Сарај е сè уште активен, соопштија на редовната попладневна прес-конференција од Центарот за управување со кризи (ЦУК), од каде посочија дека засега на неутврдена површина гори мешана шума.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски „пукна“ по критиките упатени кон него на социјалните мрежи. Кон неистомислениците, на својот Фејсбук профил, тој се послужи со навреди, пцовки, недолични зборови, сè со цел да ги дискредитира политичките противници, но и сите оние кои размислуваат поинаку од него.

ESPRESSO од Џабир Дерала: Какво е тоа пцуење, господине Мицкоски? Кој ве научи така? На што се должи тоа пцуење по социјалните мрежи? Дали на повидок е нова партиска стратегија според која вокабуларот на ВМРО-ДПМНЕ ќе се спушти уште едно скалило подолу, поблиску до оној на фејк-Левица? Како може партиски шефови и функционери да си дозволат јавно да се закануваат, да навредуваат и да пцујат?

РЕНДГЕН: Евакуација од Авганистан.

Лидерот на републиканците во Сенатот на САД, Мич МекКонел ја повика американската администрација да преземе итни мерки за да ја запре офанзивата на талибанците против авганистанскиот главен град Кабул, вклучително и со воздушни напади.

Премиерот Заев денеска го означи стартот на Европскиот куп во далечинско пливање – трка на десет километри што се плива во водите на Охридското Езеро во рамки на Европската пливачка федерација.

Човештвото на 29 јули ги потроши ресурсите за оваа година, сега живееме на кредит од планетата Земја.

Словенечките пожарникари, утрово заминаа од Берово и ги поздравија со звучна сигнализација Беровчани. Во чест на нив кои неуморно се бореа со огнените јазици кои ја зафатија претходните денови Малешевијата, им беа доделени благодарници од страна на градоначалникот Пекевски, како и македонско вино и скромни подароци.

На нашата дипломатска мрежа дадена и е итна инструкција да стапи во контакт со министерствата за надворешни работи во земјите на нивното покривање, со цел координација при евентуално организирање групни хуманитарни летови за извлекување на нашите граѓаните затекнати во Авганистан, информира Министерството за надворешни работи.

Ј. Ѓ.

Next Post

Во Дебар се зголемува бројот на хоспитализирани во Ковид-центарот

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk