ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Дебар се зголемува бројот на хоспитализирани во Ковид-центарот

August 14, 2021 23:18
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во континуитет расте бројот на новозаразени со Ковид-19 во општините Дебар и Центар Жупа, а како последица на тоа се зголемува и бројот на хоспитализирани во Ковид-центарот во дебарската општа болница со проширена дејност.

Според податоци на Министерството за здравство, во Дебарско денеска регистрирани се 23 новозразени, што е најголема бројка на дневно ниво од почетокот на пандемијата. Во изминатите денови од оваа седмица регистрирани се 76 новозаразени, од моментно активните 112. Според надлежните, бројот е многу поголем затоа што за лекарска услуга се јавуваат оние кои имаат поголеми потешкотии.Според нив, сето тоа како последица на непочитувањето на мерките за заштита, а речиси сите се од кластери „домашни веселби“.

– Како што расте бројот на новозаразени, расте бројот на хоспитализирани во Ковид-центарот во нашата установа. Моментно болнички се третираат 11 пациенти, сите на кислородна поддршка. Од нив дури 90 отсто не се вакцинирани. Денеска поради потешка клиничка слика еден пациент на 28-годишна возраст, иселеник од Италија, е префрлен на понатамошен третман во здравствена установа во Скопје, изјави за МИА Баки Алили, директор на болницата.

Меѓу заразените има поголем број иселеници, кои во родниот крај го минуваат летниот одмор а кои во земјите каде што живеат и работат не се имунизирале.

– Повторно апелирам до граѓаните да бидат повнимателни и да ги почитуваат мерките за заштита, бидејќи повеќе од јасно е дека невидливиот непријател наголемо е присутен во нашиот крај. Исто така ги замолувам да се вакцинираат, за што не е потребен термин, туку со себе треба да понесат само лична карта или друг документ за лична идентификација, апелира доктор Алили.

Посочува дека денеска во модуларната болница аплицирани се над 60 вакцини, а вчера 240. Процесот непречено продолжува и најави дека ќе пристигне нова пратка на вакцини. 

Next Post

Oд утре рестриктивни мерки, бројот на активни ковид случаи надмина 5.000

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk