ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Се работи за тоа дали сме луѓе или не, никој не побара, сами се понудивме да споделиме дел од одговорноста, човечноста и хуманоста

August 18, 2021 14:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Никој не побара од нас, сами се понудивме да преземеме и споделиме дел од одговорноста, човечноста и хуманоста по целосното заземање на Кабул од страна на талибанските сили. Се работи за луѓе кои биле поддржувачи на сојузничките армии, вклучително и на нашата армија во Авагнистан. Се работи за миротворици, активисти за човекови, новинари, жени, студенти, интелектуалци, луѓе на кои треба да им помогнеме во услови кога се под страв да им бидат одземени животите, изјави денеска премиерот Зоран Заев, отфрлајќи ги сите шпекулации за бран на бегалци или можни териристи или било какви застрашувања кон државата.

Нашите граѓани, нагласи Заев, треба да бидат горди за тоа што учествуваме во една ваква хумана мисија и што бевме една од првите држави кои се вклучија.

Прво, посочи Заев, се работи за отвореното прашање дали сме луѓе или не, потсетувајќи дека Скопје по земјотресот од 1963 година има примено помош од целиот свет и дека Авганистан е еден од првите донатори на Универзалната сала.

-Како што соопшти Владата. Донесовме одлука. Ќе ги прифатиме сите овие граѓани, кои доаѓаат со однапред пријавени листи со нивните податоци. Тоа се луѓе кои биле асистенти на ОН и членови на нивните семејства, на Националниот демократски институт, на Фондацијата Отворено општество, на Капата на националните организации на САД – НЕТ, посочи Заев одговарајќи на новинарски прашања по означувањето на почетокот на јужнокорејската инвестиција во ТИРЗ Скопје 2.

Во прашање се, нагласи Заев, принципи на човченост и на хуманост.

-Ќе ги пречекаме сите тие граѓани, кои веруваме дека од следните денови ќе дојдат во нашата земја. Ќе им понудиме сместување. Државата донесе одлука, да го плати транспоротот од аеродром до хотелите. Веќе се направени аранжманите и договорите со сите хотели. Ќе се овозможи бесплатна вакцинација на тие што немаат вакцинација, ќе се направат бесплатни ПЦР тестови и ќе им се понуди бесплатен здравствен преглед. Трошоците за нивното сместување ќе бидат покриени од соодветните институции и организации и САД, но и владата донесе одлука да преземе дел од тие трошоци, затоа што се работи за достоинство и капцитет на нашата држава, изјави Заев.

Прашан дали бројката од 450 авганистански државјани е конечната бројка, Заев рече дека тоа што е досега потвредено е 450 луѓе, но дека може да се јават дополнителни 50, 70, 90 луѓе, за кои како ќе биде потвредено, така и ќе информираат во јавноста.

-Капацитетите се огромни. Досега имаме хотели кои понудиле поголеми капацитети и места за 300 и 500 луѓе. Апсолутно се работи за луѓе со свои квалификации и верувам за време на нивното задржување во Северна Македонија, ќе можеме да направиме нивно здравствено и секаквко згрижување, но секако и општествен ангажман. Најважно е да го покажеме хуманиот аспект, да ги зачуваме животите, да пружиме рака према деца, студенти, жени и миротворци, активисти за човекови права, политики и т.н. изјави Заев.

Next Post
Wikimedia Commons

Цените на бурките во Кабул десет пати повисоки

НАЈНОВО

Почна аплицирањето за студентски стипендии за 2025/2026: Рокот е до 15 ноември

November 1, 2025
Фото: МИА

Предизборен молк пред вториот круг: Денеска гласаат болни, затвореници и изнемоштени лица

November 1, 2025

Само 10 отсто жени во трката за градоначалничко место во првиот круг, во вториот круг само три кандидатки

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk