ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска и средношколците со заеднички став: наставата со физичко присуство е најдобра опција, апел да се почитуваат протоколите

August 18, 2021 15:28
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Сојузот на средношколци денеска на онлајн состанок со министерката Мила Царовска, ја поздрави одлуката на Владата за започнување на новата учебна година со физичко присуство под протоколи за заштита на здравјето. Од Сојузот сметаат дека наставата со физичко присуство на учениците е најдобар интерес за процесот на образование, за социјализацијата и заштитата на менталното здравје, соопштуваат од МОН.

„Задоволни сме од донесената одлука, бидејќи ние и минатата учебна година се залагавме училиштата да останат отворени. Се надеваме дека сите заеднички со почитување на мерките за заштита и протоколите ќе придонесеме за настава во училишни клупи колку што е можно подолго“, рече Лука Павиќевиќ, претседател на Сојузот на средношколците.

Министерката и средношколците на состанокот го разгледаа здравствениот протокол за настава со физичко присуство во средните училишта и разговараа за негово надополнување со дополнителни мерки со цел да се обезбеди поголема заштита на учениците, наставниците и родителите.

Министерката Царовска на состанокот истакна дека учениците се еден од најважните партнери на МОН во креирањето на образовните политики, но и мерките за заштита од пандемијата.

„Навистина ми е драго што ќе имаме можност новата учебна година да ја започнеме со физичко присуство, бидејќи ние сме земја којашто најдолго ги држеше училиштата затворени поради пандемијата со Ковид-19. Главниот координативен кризен штаб оцени дека се создадени услови за настава со физичко присуство, за што вчера и Владата донесе одлука“, рече Царовска.

Министерката апелираше до средношколците и наставниот кадар доследно да ги почитуваат мерките за заштита и да се придржуваат на протоколите, бидејќи само така може училиштата подолго да останат отворени.

Освен со сценариото за наставна со физичко присуство на сите ученици, МОН уште од месец јули е подготвено со  уште две резервни сценарија кои се лесно применливи доколку се појави потреба од нив. Едното е хибридниот модел кој се применуваше минатата учебна година  – дел од учениците да следат настава со физичко присуство, додека останатиот онлајн. Другото резервно сценарио е примена на систем на ротација – со менување на групи ученици на една недела со физичко присуство и онлајн.

Next Post

Заев: Левица која блокира со 750 амандмани се виновни што немаме измени на Изборниот законик

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk