ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Лажно се имплицира дека смртта на 49 годишна жена од Куманово има врска со вакцината

August 19, 2021 16:31
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Пациентката на возраст од 49 години починала како последица на коронавирусот, а не поради вакцината, иако била вакцинирана со една доза. Тоа што некој се вакцинирал со една доза, не значи дека неговото тело создало имунитет и дека е отпорен на заразување. За да се создаде имунитет потребна е втора доза, но и да помине одреден временски период од нејзиното примање, којшто е различен за секој производител на вакцина. Постот манипулира на тој начин што селективно ги прикажува податоците и ги вади од контекст. За таа цел намерно не е наведено дека пациентката починала од ковид, туку само се кажува дека таа примила прва доза вакцина по што починала, пишува „Вистиномер“.

Анализата подолу ја пренесуваме во целост:

Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека 49-годишна жена во Куманово починала после прва примена доза од вакцината. Тврдењето имплицира дека смртта настапила поради самата вакцина, а за да се направи поубедлива ваквата импликација, презентиран е дел од телевизиски прилог, во кој што фрагмент се вели:

49-годишната жена починала после прва примена доза вакцина. Мислела дека и е лошо поради реакција од вакцината.

„Примила прва доза на вакцина. Мислела дека и е лошо поради вакцината. Лошо, лошо, не поминува. Направила тест, на тестот позитивна. Третирана е во болница ама испратена е веднаш во Скопје“, се вели во телевизискиот прилог, во кој изјава дава директорката на кумановската болница, доктор Снежана Захариева.

Меѓутоа, кога ќе се погледне целиот емитуван прилог (со почеток од 1.52 мин. на следниот линк), се гледа дека контекстот на исечениот фрагмент, кој имплицира поврзаност на вакцината и смртта на жената не е таков!

Со почеток во 2.29 мин. од ова видео од вестите, пак, може да се забележи севкупниот контекст. А, тој е дека во прилогот се известува за 2 починати пациентки од Куманово во еден ден, и двете починати како последица на коронавирусот, а не како последица од вакцината.

Првата пациентка била штотуку породена со царски рез 13 недели пред терминот за пораѓање, по што на респиратор завршила во Инфективната клиника во Скопје, а бебето е во инкубатор. Таа, пред да почине, била третирана во кумановската болница и во амбулантското одделение, а потоа поради тоа што се пожалила дека не го чувствува бебето, била префрлена на ГАК, па на Инфективната клиника, каде што, за жал, починала.

Втората пациентка била на возраст од 49 години и починала како последица на коронавирусот, а не поради вакцината, иако била вакцинирана со 1 доза. Тоа што некој се вакцинирал со една доза, не значи дека неговото тело создало имунитет и дека е отпорен на заразување. За да се создаде имунитет потребна е втора доза, но и да помине одреден временски период од нејзиното примање, којшто е различен за секој производител на вакцина. Постот манипулира и селективно ги прикажува податоците. За таа цел намерно не е наведено дека пациентката починала од ковид, туку само се кажува дека таа примила прва доза вакцина по што починала – што е типична манипулативната техника со смислено пропуштање на контекстот.

Односно, со сокривање на дел од податоците, како на пример дека пациентката била позитивна на коронавирусот и дека симптомите што ги чувствувала не биле последица на вакцината, туку последица на ковид симптоматологија, се доведуваат во заблуда граѓаните да веруваат дека смртта настапила од вакцината, иако за тоа во постот не се нудат буквално никакви аргументи и докази. Ваквиот манипулативен начин на прикажување на нештата има ефект кај некритичката јавност и тоа може да се забележи од коментарите под постот, во кои се критикува вакцината, се обвинува за геноцид и се тврди дека луѓето умираат од вакцината.

Исто така, се пропушта уште еден важен елемент којшто е исечен од прилогот што се споделува. А, тоа е дека освен 49-годишната жена, истиот ден починала и 29-годишна штотуку породена жена во 7 месец од бременоста позитивна на ковид и невакцинирана со ниедна доза. Тој дел од прилогот намерно или ненамерно е отстранет.

Поради горенаведената аргументација, постот го оценуваме како пост во кој е пропуштен контекстот. Една доза вакцина не е доволна за да се создаде имунитет кај непрележаните лица на ковид-19. Уште во април месец годинава, кога вакцинацијата беше на самиот старт во Македонија, претседателот на Комисијата за заразни болести, доктор Жарко Караџовски, рече дека тие што се вакцинирани со една доза треба да се однесуваат како невакцинирани, во контекст на тоа да носат маска и да одржуваат физичка дистанца додека да се создадат антитела во нивниот организам, пишува „Вистиномер“.

 

Next Post

Даштевски: Бараме законски решенија граѓаните без лични карти да можат да гласаат

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk