Премиерката Џaсинда Ардерн го продолжи „строгото затворање“ на Нов Зеланд, велејќи дека целиот обем на појава на Делта сојот од коронавирусот сè уште не е познат, пренесува Ројтерс.
“Затворањето“ ќе трае до вторник на полноќ, рече Ардерн на прес -конференција.
Нов Зеланд е во „строго затворање“ откако беше идентификуван еден случај на локална трансмисија на вирусот, прв по речиси шест месеци.
Ардерн рече дека децата на возраст од 12 до 15 години ќе можат да примат вакцина против коронавирус Фајзер/БиоНТек. – Безбедно е и добро е да се направи тоа, рече Ардерн.
Претходно, вакцината беше одобрена за луѓе на возраст од 16 години и постари. Обезбедени се две дози со интервал од шест недели.
Со население од пет милиони луѓе Нов Зеланд ќе остане во строго затворање барем до вторник. Земјата досега имаше околу 2.580 случаи на Ковид-19 и 26 смртни случаи.