ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

АППТ: КОВИД наметна нова туристичка реалност, неопходно е стратешки да планираме во туризмот 

August 20, 2021 09:57
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

КОВИД пандемијата наложи промени во сите сегменти од живеењето и неопходност од брзо прилагодување. Новата реалност во туризмот значи промена на таргетите и фокусот на пазари кон кои ќе се цели. Активниот туризам доаѓа во преден план, заедно со интересот за посета на еко-дестинации и престој во мали сместувачки капацитети. Профилот на турист кој ја посетувал нашата држава нема да е веќе истиот, туку ќе биде личност која бара безбедна дестинација, авантурист кој преферира патување во мали групи и користи напредна технологија, вели директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).

Пред приватниот сектор на која беа претставени плановите и чекорите за побрзо закрепнување на туризмот, Јаневски истакна дека првата половина на 2021 година во споредба со 2020-та се очекува да донесе раст.

-Лани немаше можност за патување. Согласно тоа, растот во бројот на туристи е 42,5 проценти, додека бројот на ноќевања расте за 54 отсто, но сеуште предничи домашниот туризам на сметка на странскиот. Следствено на овој тренд е и трендот на пораст на девизниот прилив кој е за 13,59 отсто повисок од лани, генериран најмногу од домашните и регионалните туристи. Примарните пазари, на кои припаѓаат 77 отсто од вкупниот број на ноќевања и 76 отсто од вкупниот број на туристи, се Албанија, Бугарија, Грција, Косово, Турција, Полска, Србија, Холандија и Хрватска. Со 13,2 отсто учествуваат секундарните пазари во вкупниот број на туристи и 12,9 отсто во вкупнот број на ноќевања, а тука спаѓаат Украина, Словенија, Русија, Велика Британија, Италија, Шпанија и Германија, рече Јаневски.

Според него, промоцијата како основна активност на АППТ, за 2022 година предвидува зголемено присуство на саемски манифестации на примарните и секундарните пазари, но и маркетинг активности во истите. Промоцијата ќе биде зајакната преку продукција на 360 видео тури од туристички атракции, информативни патувања, продукција на нови еллектронски и печатени промотивни материјали, како и промотивни активности за нови туристички производи, како на пример за ИТ номади.

Во програмата на АППТ за 2022 година е предвидено да влезат и проекти за заштита на постоечките и обнова на старите занаети кои се во функција на туризмот, валоризација на граничните премини, изработка на туристички мапи и многу други кои ќе придонесат за остварување на очекувањата кои се во насока на 2.2-2.3 милиони ноќевања и над 300 милиони долари девизен прилив од ставка туризам.
Секако, неопходна е соработка и со други институции, од кои ќе се побара поддршка за создавање на платформа Е-посетители, означување на сите туристички локалитети, промена на моделот на субвенционирање на организираниот туристички промет и останати активности кои ќе придонесат за поголема промоција и полесно постигнување на самоодржливост на туриситчката индустрија./МИА/.

Next Post

Конкурсот за реонски попишувачи отворен до 25 август

Shortcut

Најново

Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk