ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сојузот на средношколци ја поздрави одлуката за отворање на училиштата и апелира да се почитуваат протоколите

August 20, 2021 16:25
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Сојузот на средношколци ја поздравува одлуката на Министерството за образование и наука и Владата учебната 2021/2022 да почне со физичко присуство (и) за средношколците, напомнувајќи дека и минатата година тие бараа комбинирано учење. Апелира до сите средношколци да ги почитуваат протоколите кога училиштата ќе бидат отворени.

– Крајно време е образованието да биде ставено на пиедестал над останатите општествени активности. Колку што е важен квалитетот на образовниот процес, толку е важно и здравјето на средношколците. Затоа ги повикуваме сите средношколците да ги почитуваат здравствените протоколи како единствен и најдобар начин да се заштитат, соопшти Сојузот на средношколци.

Посочува дека на состанок со министерката за образование и наука Мила Царовска во средата дале предлози на утврдените протоколи за да се зголеми нивото на безбедност во училиштата. Тие се однесуваат на редарската служба која треба да биде ангажирана и во училиштата внатре, на крајот од секоја смена да се дезинфицираат површини и предмети кои се изложени на допир и  училиштето да изготвува листа на сите површини кои треба редовно да бидат чистени и им се препорачува на учениците храната да ја набавуваат пред почетокот на часовите и да не го напуштаат училишниот двор за време на одморите.

– Успеавме да постигнеме заедничко решение со МОН околу овие три точки. Доколку се влоши пандемиската ситуација и моделот на настава ќе треба да се промени, Сојузот на средношколци ќе ја претпочита комбинираната настава отколку наставата од далечина, наведува Сојузот на средношколци. /МИА/.

Next Post

ДИК: Граѓаните со попреченост ќе можат потписи да дадат и пред нашите канцеларии

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Турскиот министер за транспорт казнет за возење со 224 км/ч

August 25, 2025
Фото: Pixabay

Операции за намалување на висината – нов тренд во турскиот медицински туризам

August 25, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага против криминална група за даночно затајување, даночна измама и перење пари

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk