ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ДИК: Граѓаните со попреченост ќе можат потписи да дадат и пред нашите канцеларии

August 20, 2021 16:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Државната изборна комисија (ДИК) денеска соопшти дека со цел овозможување на целосно остварување на правата на сите граѓани кои сакаат да дадат поддршка за некоја независна листа во постапката за собирање на потписи, вработените во подрачните одделенија и канцеларии на Комисијата што се сместени во простории каде нема услови за пристап на лица со попреченост, се задолжуваат да им овозможат на овие лица да го остварат ова право надвор од просторијата односно пред објектот каде што се наоѓа канцеларијата на ДИК.

Во Подрачното одделение на ДИК во Карпош, во влезната врата на објектот, ставена е пристапна рампа која ќе овозможи пристап во објектот.

Во текот на 2017 година ДИК во соработка со Здруженија за правата на лицата со попреченост направи проверка на објектите каде се лоцираат избирачките места и врз основа на истите беа изнесени податоци за нивната  пристапност.

Во наредниот период, ДИК најавува дека ќе направи дополнителни проверки за состојбата на објектите што се користат за избори, со цел да се добијат податоци каде треба да бидат ставени на користење пристапните рампи со коишто располага ДИК, но и да се утврди дали има потребата за набавка на дополнителни пристапни рампи.

-Во однос на определувањето на објекти што ќе се користат за избори,  ДИК за секој изборен процес им се обраќа на единиците за локална самоуправа, при што сугерираме да се внимава определените објекти да овозможат целосен пристап за сите гласачи, посочуваат од Комисијата.

Напомнуваме дека согласно член 25 став 1 од Изборниот законик, Собранието, Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Министерство за информатичко општество и администрација, Министерство за труд и социјална политика, Државниот завод за статистика и Службата за општи и заеднички работи на Владата и нивните подрачни единици, како и општините и градот Скопје, се должни на органите за спроведување на изборите да им обезбедат технички, просторни и други услови за работа, се наведува во соопштението./МИА/.

Next Post

Заев: Продолжуваме со спасување на миротворното население кое 20 години ја негуваше демократијата во Авганистан

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Турскиот министер за транспорт казнет за возење со 224 км/ч

August 25, 2025
Фото: Pixabay

Операции за намалување на висината – нов тренд во турскиот медицински туризам

August 25, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага против криминална група за даночно затајување, даночна измама и перење пари

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ прави Мадуро на Венецуела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk