Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска патува во Киев, Украина, каде утре ќе учествува на основачкиот Самит на Кримската платформа. Кримската платформа, како што информираат од МНР, е иницијатива на Украина, за обединување на меѓународните напори за состојбите околу Крим.
Кризна состојба, институциите проследуваат информации, а истовремено, на социјалните мрежи се пласираат дезинформации. Телефонскиот број 193 не престанува да ѕвони, меѓу повиците и понекоја лажна дојава. Секој со својата цел, граѓаните во паника. Непроверените информации долеваат масло на огнот, а лажните дојави ги одвлекуваат силите на погрешни места.
Уште еднаш потенцираме дека станува збор за граѓани кои во Авганистан работеа за меѓународните демократски мисии и организации, новинари, активисти на организации за човекови права, како и за деца и членови на нивните семејства. Во оваа хуманитарна мисија ангажманите за психо-социјална поддршка и за нормално функционирање на авганистанските граѓанин и за нивните секојдневни активности во македонското општество ќе биде целосно под координација на Црвениот крст и на меѓународните организации. Токму меѓународните организации за чии мисии работеа овие организации во Авганистан ќе се грижат за социјалниот аспект од кризата во која се наоѓаат овие граѓани.