Бојан Маричиќ и Марјан Забрчанец се именувани за национални координатори со цел за време на техничката влада да се обезбеди континуитет во започнатите процеси за европска интеграција и регионална соработка.
Од страна на Владата на Република Северна Македонија Бојан Маричиќ е именуван за Национален координатор за интеграција во Европската Унија, Берлински процес и регионална соработка, а Марјан Забрчанец е именуван за Национален координатор за стратегиски комуникации и за спроведување на комуникациската стратегија на Владата на Република Северна Македонија.
Овие две именувања на национални координатори се со цел за време на техничката влада да се обезбеди контиунитет во започнатите процеси во сферата на европските интеграции и регионалната соработка, како и во сферата на професионализацијата на владините јавни комуникации согласно владината комуникациска стратегија.