ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Зелен хуман град – само од „едната страна“ на Вардар?!

Поправете ме ако грешам, драги мои, но во кандидатската листа на „Зелен Хуман Град“ за локалните избори за Советот на Град Скопје нема ниту еден Албанец, Турчин, Ром, Бошњак, Македонец со исламска веросиповест/ Торбеш?! За каков зелен хуман град се залагаат луѓево - само од „едната страна“ на Вардар?!

August 23, 2021 10:15
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МУЛТИКУЛТУРА, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Поправете ме ако грешам, драги мои, но во кандидатската листа на Зелен Хуман Град за локалните избори за Советот на Град Скопје нема ниту еден Албанец, Турчин, Ром, Бошњак, Македонец со исламска веросиповест/ Торбеш?! За каков зелен хуман град се залагаат луѓево – само од „едната страна“ на Вардар?! Зарем овие луѓе не сметаат на гласовите на нивните сограѓани Албанци, Турци, Роми, Бошњаци…?

Како мислат да бараат гласови и поддршка во Чаир, Топанско, Шуто Оризари, Нерези и други делови на градот каде што живеат припадниците на овие заедници, ако нивната листа не ги претставува нив? Или можеби мислат дека знаат подобро од нив што им е потребно?

Зарем мислат дека зелените прашања не ги тангираат граѓаните од „другата страна“ на Вардар, која со децении беше запоставена и уништувана далеку повеќе од „оваа страна“ на Скопје?

Зарем не се свесни дека граѓаните од овие заедници и делови на градот имаат многу поголеми проблеми во контекст на зелената агенда, урбанизмот и квалитетот на животниот простор, од другиот, далеку поурбан и посреден дел на градот?

Зарем не се свесни дека со самата листа упатуваат јасна порака до овие нивни сограѓани?

Мене ми личи драги мои, дека се свесни, и тоа како. Не верувам дека ова е случајно. Дајбоже да грешам, но ваква листа личи како производ на (из)брзана акција за влетување во политичкиот „пазар“ исклучиво во македонскиот гласачки кампус, на искористување на децениското незадоволство на граѓаните од политичарите од едната, другата, па и „третата“ политичка опција – за реализирање на личен политички ќар.

Сигналите упатуваат не само на политички опортунизам, туку и на нешто друго, нешто што е несвојствено за модерните политички зелени движења, чиишто водечки принципи се и антинационализмот, почитување на различните култури, заедници и еднаквоста меѓу сите граѓани. Погледнете го само начинот, на кој поддржувачите на оваа опција ги бранат своите кандидати и листа. Личи на се, само не на зелено.

За чиј есап се создаваат вакви листи и инцијативи, ќе видиме набргу, на изборите. Но, мене ми личи дека тој есап е далеку од она што е јавен интерес на сите граѓани, без оглед на нивната политичка припадност. Дали сум во право, ќе се види на 17 октомври, а можеби и пред тоа, оти, како велеше еден познат македонски пастир, вистината е како шило, и избива на виделина, колку и да се труди некој да ги сокрие своите тајни агенди.


Текстот е личен став на авторот

Next Post
www.ethz-foundation.ch

Швацарски научник предупредува на опасноста од појава на „супер сој“ на коронавирусот - Ковид 22

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk