ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Лидерите на Г-7 не успеаја да го убедат Бајден да ја продолжи мисијата во Авганистан

August 25, 2021 08:33
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Додека талибанците назначуваат свои функционери и министри, светските сили се обидуваат да евакуираат што повеќе луѓе од Авганистан.

Покрај странските државјани, од кои досега многумина ја напуштија земјата, многу Авганистанци стравуваат од повторување на бруталното толкување на шеријатскиот закон што талибанците го воведоа кога првпат ја преземаа власта во 1996-2001 година и од одмазда за соработување со САД во изминатите две децении. Во исто време портпаролот на талибанците ги предупреди САД да престанат со евакуација на квалификувани Авганистанци, и истакна дека нема да биде продолжен рокот за напуштање на земјата на 31 август.

Поради ситуацијата со евакуацијата од Авганистан и однесувањето на талибанците, вчера се одржа и онлајн вонреден состанок на лидерите на седумте индустриски најразвиени земји во светот, со кој претседаваше британскиот премиер Борис Џонсон.

 

Се очекуваше британскиот премиер да изврши притисок врз американскиот претседател Џо Бајден да ги задржи своите сили на терен после 31 август, бидејќи тие обезбедуваат сигурност на аеродромот во Кабул за да им се овозможи на луѓето да ја напуштат земјата.

Џонсон и другите лидери на Г-7 сепак не успеаја да ги убедат САД да ги задржат војниците во Авганистан за да продолжат напорите за евакуација по крајот на месецот.

По вонредниот состанок на лидерите на Г-7 Бајден рече дека рокот останува во сила. Тој подоцна додаде дека сепак, рокот за повлекување на американските војници од Авганистан (31 август) зависи од тоа дали талибанците ќе обезбедат пристап до аеродромот во Кабул. Според американските медиуми, тој на самитот на Г-7, рекол дека американската војска во земјата е под голем ризик од терористички напади, и тој расте од ден на ден.

– Ќе направиме сè што можеме до последна минута, но слушнавте што рече претседателот на САД, слушнавте што рекоа талибанците, рече Џонсон и изрази увереност дека можат да се извлечат уште илјадници луѓе. Сепак тој истакна дека ситуацијата на аеродромот не се подобрува.

Британскиот премиер по итната видеоконференција на Г-7, изјави дека организацијата на седумте најразвиени земји во светот постигнала договор за планот за како да се однесува кон талибанците.

 

– Она што го направивме денеска како Г-7 е постигнување договор, не само за заеднички пристап за решавање на евакуацијата, туку се согласивме и за план како ќе се однесуваме кон талибанците, рече Џонсон по итниот видео самит на седумте најразвиени земји во светот.

Тој повтори дека условот број еден за талибанците е тие да мора да гарантираат безбеден премин за секој што сака да го напушти Авганистан по 31 август.

Џонсон изрази надеж дека талибанците ќе сфатат дека, како што рече, Г7 е организација која има клучно глобално „економско, дипломатско и политичко влијание“.

– Она што сакаме да го порачаме е дека Авганистан не може повторно да стане жариште на терор, ниту нарко држава, а девојчињата мора да имаат право на образование до 18-годишна возраст, рече британскиот премиер.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен соопшти дека повеќето вработени во Европската унија со седиште во Авганистан, вклучително и Авганистанци, се евакуирани од аеродромот во Кабул. На прес-конференција по самитот на Г7 таа изрази благодарност што повеќето од персоналот, вклучително и авганистанскиот персонал и нивните семејства, се евакуирани од Авганистан и се безбедни.

Лајен информира дека лидерите на Г7 се согласиле оти е нивна морална должност да му помогнат на авганистанскиот народ по враќањето на талибанците на власт во земјата.

 

– Ситуацијата навистина е тажна за авганистанскиот народ и претставува голем чекор наназад за меѓународната заедница, рече фон дер Лајен.

Претседателката на Европската комисија посочи дека сега најклучна е помош за оние кои се соочуваат со непосреден ризик во Авганистан, особено за голем број внатрешно раселени лица, од кои 80 проценти се жени и девојчиња.

И генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, им се приклучи на повиците за продолжување на работата на аеродромот во Кабул со цел да се поддржат авионските летови надвор од земјата.

Столтенберг за време на коментарите на разговорите на лидерите на Г-7 рече дека неколку стотици вработени и соработници на НАТО обезбедиле клучни услуги, како што се контрола на летање, снабдување со гориво и комуникација на аеродромот, соопшти Алијансата.

 

Тој рече и дека НАТО, исто така, ја презела координативната улога, со цел да се обезбеди евакуација на луѓето што е можно поефикасно.

Столтенберг, исто така, рече дека главниот приоритет на НАТО е да се осигури дека Авганистан повторно нема да стане платформа за меѓународните терористи./МИА/.

Next Post
МИА

На 14 милиони Авганистанци им се заканува глад, предупредува Светската програма за храна

Shortcut

Најново

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk