ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Партиите ги објавуваат кандидати за локалните избори, СДСМ утврди уште 16

August 26, 2021 08:59
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Политичките партии веќе започнаа со објавување на дел од кандидатите со кои ќе настапат на претстојните локални избори. Учество во изборната трка најавуваат и независни кандидати.

Владејачката СДСМ на Извршен одбор утврди уште 16 кандидати, од кои 12 се нови имиња, а четири се актуелни градоначалници во општините. Нови кандидати, меѓу другото, ќе има во Аеродром каде во трка за градоначалник ќе биде Александар Филиповски, дипломиран економист, поранешен пратеник, менаџер на повеќе компании, во Карпош каде наместо актуелниот градоначалник кандидат е Душко Весковски, актуелен директор на ЈП „Водовод“ Скопје и во Прилеп каде кандидат на СДСМ ќе биде Горан Сугарески.

-По спроведените истражувања внатре во органите на партијата и со сите консултации со 82 000 членови на партијата, Извршниот одбор продолжи со носење на одлуките и утврди дополнителни 16 кандидати за градоначалници од СДСМ. Имаме утврден и сигурен победник во Градот Скопје.  Во Прилеп, Горан Сугарески, добро познат за јавноста и во јавноста, со висок углед помеѓу прилепчани, дипломиран правник, министер, директор на Царинската управа. Убедливо кандидат со највисок рејтинг. Сашо Велковски во Свети Николе, магистер по економски науки.  Во Карпош каде што СДСМ е сигурен победник, Душко Весковски, актуелен директор на Водовод Скопје.  Во Тетово со д-р Хемди Алезмовиќ, успешен во својата област, нов член на Извршниот одбор од Тетово.  Во Општина Аеродром од СДСМ е Александар Филиповски, дипл. економист, поранешен пратеник, менаџер на повеќе компании во Галичник, во Скопје, во Аеродром, информира вчера на прес-конференција шефот на изборниот штаб и генерален секретар на СДСМ Љупчо Николовски.

Во Сопиште, кандидат на СДСМ ќе биде Сашо Стојановски, дипл. Правник од СДСМ, досегашен претседател на општинската организација и актуелен советник во Сопиште, во Јегуновце актуелниот градоначалник Дарко Блажевски, во Кавадарци, Горан Тодоров, дипл. инженер по индустриска логистика, претседател на ОО во Кавадарци, во Кратово Влатко Бојковски, еден најмладите кандидати на СДСМ, дипл. инженер по информатика, а во Чешиново-Облешево актуелниот градоначалник Горан Крстев Грга.

Како што соопшти Николовски, во Зрновци кандидат на СДСМ ќе биде Виктор Ангелов, дипл. машински инженер, во Илинден бизнисменот Александар Тодоровски, во Демир Хисар новиот кандидат м-р по биотехнички науки Стевче Митровски, а нов кандидат ќе има и во Ново Село – Ѕвонко Анѓелов.  Со нов кандидат СДСМ ќе оди на избори во Велес, каде во трката ќе се вклучи д-р Ненад Коциќ, актуелен пратеник, а во Брвеница со д-р Мирко Стојановски, кој е актуелен градоначалник.

Тој нагласи и дека се уште не е договорен кандидат за Струмица, иако се споменува името на партискиот портпарол Костадин Костадинов, како ни за Куманово, Крива Паланка, Шуто Оризари, Центар, Кочани, иако како што рече, тие се одни од најсигурните за победа на СДСМ. Претходно, партијата веќе објави имиња на 35 кандидати за градоначалници.

Данела Арсовска

Вчера претседателка на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска на Фејсбук објави дека е независен кандидат за градоначалник на Град Скопје и ја побара поддршката на граѓаните кои, како што напиша, сакаат промени.

ВМРО-ДПМНЕ досега објави 45 кандидати, а се  очекува нови имиња да соопшти во почетокот на наредната недела.

И партиите од албанскиот блок – ДУИ, Алијанса на Албанците/Алтернатива и БЕСА најавија неколкумина свои кандидати со кои ќе излезат на локалните избори.

Дипломираниот правник Ацо Новески, пак, е првиот независен кандидат за градоначалник на Општина Македонски Брод. Вработен е во матичната служба во Скопје, претходно ангажиран во Одделението за катастар во Македонски Брод. Ова е трета апликација примена во канцеларијата на ДИК во Македонски Брод, откако вчера беа поднесени и две независни листи за советници, за претстојните локални избори што ќе се одржат на 17 октомври.

 

Next Post

Десет дена до почеток на пописот – ДЗС целосно подготвен

НАЈНОВО

Фото: Национална опера и балет

Операта „Палјачи“ – ремек делото на Леонкавало на 7 ноември на сцената на Националната опера и балет

October 30, 2025

Реал Мадрид и Суперлигата бараат 4,5 милијарди евра отштета од УЕФА

October 30, 2025
Скриншот

Џенсон Батон стави крај на професионалната кариера во Ф1

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk