ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Агенција за супервизија на осигурување – Осигуреници од штети наплатија 31,5 милиони евра, 20 % повеќе од лани

August 27, 2021 10:31
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Компаниите за неживотно осигурување во првото полугодие годинава исплатиле 5,2 милиони евра повеќе штети на осигуреници во однос на истиот период лани. Раст на исплатите има кај трите големи групи класи: осигурување имот, осигурување моторни возила и останатите класи од неживотно осигурување, соопштуваат од Агенција за супервизија на осигурување (АСО)

Граѓани, компании и институции наплатија 1,94 милијарди денари (31,5 милиони евра) обештетување за штети покриени со осигурителни полиси за неживотно осигурување во првите шест месеци годинава, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО).

Во споредба со истиот период минатата година износот на бруто исплатени штети (БИШ) кои осигурителите ги платиле на осигуреници е повисок за 319,5 милиони денари (5,2 милиони евра односно) односно 20 отсто.

Во значајна мерка влијание врз растот на исплатените штети има зголемувањето на вкупната мобилност како и активностите во сите општествени сфери. Тие се интензивираа по укинувањето на мерките и ограничувања кои, истиот период лани, беа на сила заради превенција од глобалната здравствена пандемија предизвика од вирусот COVID-19.

Значаен раст на исплатените штети има кај осигурувањето имот. Во првите шест месеци годинава 11 осигурителни друштва за неживотно осигурување на своите осигуреници за штети на осигурен имот им исплатиле 292 милиони денари (4,75 милиони евра) што е за 18,5 отсто повеќе од истиот период минатата година.

Кај осигурувањето од автомобилска одговорност (најзастапено осигурување задолжително со закон) износот на исплатени штети изнесува 1,04 милијарди денари (17 милиони евра). Во споредба со истиот период лани износот на исплатени штети е зголемен за 21 отсто односно 182 милиони денари (3 милиони евра).

Кај класата на доброволно автомобилско осигурување т.е. каско осигурување за овој период компаниите исплатиле штети во вредност од 224 милиони денари (3,6 милиони евра).

Осигурителните друштва за останатите класи осигурување на своите осигуреници по пријавени штети им исплатиле 374 милиони денари (6,1 милиони евра) во првата половина годинава. Тоа е за 104,5 милиони денари (1,7 милиони евра) односно 38 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година.

Од вкупно 11 компании за неживотно осигурување кај десет друштва се зголемени износите исплатени за надомест на штети. Најголем раст (во %) во овој период имаат: „Кроација осигурување – неживот“ со 64 отсто, „Халк осигурување“ со 61 отсто, „Уника“ со 42 отсто,  “Евроинс осигурување“ и АДОР „Македонија“ со раст од 22 отсто и „Сава осигурување„ со раст од 17 отсто. Следува „Винер ВИГ“ со раст од 5 отсто па „Триглав Осигурување“, „Еуролинк Осигурување“ и „Граве неживот“ со по 4 отсто раст на износите на бруто исплатени штети.

Најголемо учество во вкупниот износ на исплатени штети за првото полугодие имаат „Триглав осигурување“ со 243 милиони денари (3,95 милиони евра) „Халк Осигурување“ и „Евроинс Осигурување“ кои исплатиле по 222 милиони денари (3,6 милиони евра). По нив следуваат: „Сава Осигурување“ и „Уника“ со по 200 милиони денари (3,25 милиони евра), „Еуролинк осигурување“ со исплатени 191 милиони денари (3,1 милиони евра), АДОР „Македонија“ и „Винер ВИГ“ со по 164 милиони денари (2,67 милиони евра). „Кроација осигурување – неживот“ исплатила 138 милиони денари (2,2 милиони евра), „Осигурителна полиса“ 127милиони денари (2,1 милиони евра) и „Граве неживот“ 65 милиони денари (1,06 милиони евра).

Повеќе детални информации на следниот линк https://aso.mk/preliminarni-podatoczi-bruto-polisirana-premija-bruto-isplateni-shteti/.

Next Post

Во затворено, без почитување мерки, Пандов со говор на омраза порача дека комуњарите дека „ќе го јадат“ во Куманово

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk