ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Од понеделник пратениците се враќаат на работа во Собранието

August 27, 2021 11:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратениците во понеделник се враќаат на работа во Собранието на Репубика Македонија, речиси на месец и половина пред локалните избори. Во понеделник, според најавите од координаторите на пратеничките групи, се очекува тие да имаат средба на претседателот на Собранието Талат Џафери и потпретседателите по што ќе се знае како ќе тече работната недела на пратениците. Имајќи ги предвид изборите, дел од пратениците, веруваат дека активностите ќе бидат намалени и оти дискусиите следниот месец ќе бидат во контекст на локалните избори.

Првата недела од следната парламентарна сесија најверојатно ќе мине во знакот на комисиските расправи. По координацијата ќе се знае кога и дали би било свикано продолжение на некоја од собраниските седници. На собраниската веб страна како незавршени стојат осум седници од 2021 година, од кои пет биле закажани од мај до јули.

Нова седница се најавува за средината на септември, додека нови материјали пристигнати овој месец, како што објави МИА, се Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за иновациската дејност, Предлог на Закон за академија за судии и јавни обвинители, Предлог на Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, Предлог на закон за лековите, Предлог на закон за парничната постапка, Предлог на закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство,
Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, Барање за давање на автентично толкување на член 21, став 1, точка 4 од Законот за данок на добивка, поднесено од Владата на Република Македонија, Барање за давање на автентично толкување на член 135, ставовите 1 и 2 од Законот за судска служба, Квартален извештај на Народната банка на Република Македонија, август 2021 година, како и Предлог-стратегија за родова еднаквост 2021-2026.

Сега официјално на собранискиот сајт само на 1 септември (среда) има закажано три седници на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, како и седница на Комисијата за економски систем.

На комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците на дневен ред се Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, во второ читање, поднесен од пратениците од владејачкото мнозинство,  Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, по скратена постапка, во второ читање, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на лични податоци, по скратена постапка, исто така во второ читање.

Комисија за економски прашања ќе расправа за Предлог- закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, Предлог – закон за изменување на Законот за метрологијата, Предлог- за изменување на Законот за контрола на предметите од скапоцени метали, Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за занаетчиство, Предлог- закон за изменување и дополнување на Законот за контрола на извоз на стоки и технологии со двојна употреба, Предлог- закон за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за трговија, сите во второ читање./МИА/.

Next Post

НБ: Финансискиот сектор добро се справува со ризиците од корона-кризата и е подготвен да одговори и на идни предизвици

Shortcut

Најново

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

Четири активни пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати

August 27, 2026
Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk