ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тонин: Ќе се обидеме да им кажеме на нашите бугарски пријатели дека и во нивен е интерес е Северна Македонија да стане членка на ЕУ

August 27, 2021 12:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија е пријател на Словенија. Местото на Северна Македонија е во Европската унија, Словенија ќе направи се што е во нејзината моќ да станете што побрзо полноправна членка на ЕУ. Ја имате целосната поддршка на Словенија. Ќе се потрудиме да им кажеме на нашите бугарски пријатели дека и во нивен интерес е Северна Македонија да стане членка на ЕУ.

Ова го истакна Матеј Тонин заменик премиер и министер за одбрана на Словенија, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, на заедничката прес – конференција во Охрид со неговиот домаќин министерката Радмила Шекеринска.

-Денеска меѓу Северна Македонија и Словенија постои еден вид стратешеко партнерството кое ќе се заклучи со формален договор меѓу државите. Сигурен сум дека оваа соработка ќе биде поитензивна. Го чекам денот кога ќе станете полноправна членка на ЕУ, порача Тонин.

Тој ја поздрави одлуката на Скопје како НАТО-сојузник  да учествува во словенечкиот контингент во Летонија во рамки на мисијата на НАТО.

-Денеска беше тажен ден за Авганистан, сите тие жртви беа непотребни и се резултат на терор.  Лекцијата во Авганистан е поучна и верувам дека од тоа ќе извлечеме навистина добра лекција. Словенија и Северна Македонија се цврсти партнери и затоа се радувам што нашата соработка ќе ја зацврстиме. С Македонија ќе ја прифати нашата покана да биде дел од словенскиот контингент во Летонија. Сигурен сум дека македонската страна ќе биде задоволна од соработката затоа што таа мисија овозможува широка интероперабилност, истакна Тонин.

На средбата двајцата разговарале и за соработката на подрачјето на заштитата и помошта за С Македонија во однос на справување со пожарите.

-Гарантираме дека секогаш кога ќе ви требаме ние сме тука да ви помогнеме. Горд сум на нашиот систем за заштита и спасување кој во последните години посебно се унапредуваше. Подготвени сме да донираме техника што ќе и овозможи на Северна Македонија да се справи со различни пожари, исто така сме подготвени да прифатиме различни противпожарни единици да ги осопособиме обучиме и со тоа дополнително да го зацврстиме нашето пријателство и партнерство, а ќе придонесеме и кон тоа вашите пожарникари да бидат поподготвени да се справуваат со предизвиците, затоа што светот е полн со предизвици и несреќи, нагласи словенечкиот министер за одбрана.

Тој се заблагодари за македонската донацијата за Словенија што ќе биде поставена како експонат во воениот музејски парк.

Министерот Тонин кој од вчера престојува во официјална посета на Северна Македонија, од Охрид, заедно со министерката Шекеринска ќе заминат за Берово, каде што ќе имаат средба со градоначалникот Звонко Пекевски. Од името на граѓаните на беровскиот регион Пекевски  ќе му врачи на словенечкиот министер Плакета за Здружените сили на цивилна заштита на Словенија, во знак на благодарност за брзата реакција во справувањето со шумските пожари кои летово ја зафатија нашата земја./МИА/.

Next Post

Царовска: Комисијата за заразни болести го разгледува барањето на Тетово за онлајн настава

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk