ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Симоновски: Во 2022 планираме сериозна набавка на опрема и возила за ТТПЕ Скопје

August 29, 2021 09:29
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
фото: МИА

фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Пожарникарските екипи беа на висина на задачата во гаснењето на пожарите што во август ја зафатија земјава, но недостигот на опрема за локализирање на вакви пожари е огромен на цела територија, оценува во интервју за МИА командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.

Во интервјуто кое целосно ќе биде објавено подоцна, Симоновски вели дека за овој период од годината карактеристични се шумските пожари и дека со временските промени и глобалното затоплување, во иднина може да се очекуваат се повеќе вакви пожари.

Најавува вработување на 20 пожарникари, но поради претстојните локални избори, огласот е ставен во мирување. За следната година планирана е и сериозна набавка на опрема и возила за потребите на ТТПЕ Скопје.

– Во јануари 2020 година донесовме одлука за набавка за три противпожарни возила и една автомеханичка скала за потребите на градот Скопје, но во таа бирократија, Бирото за управна контрола при јавни набавки ни ја поништи одлуката за трите возила и покрај дописот од наша страна за просечната старост од 30 години на возилата со кои располагаме и бевме одбиени. Околу бројот на вработени ДА, имаме недостаток и тоа голем. Имаме тековен оглас за вработување на 20 пожарникари, но распишаните локални избори го ставија во мирување. И како за податок, од 2019 година имаме вработено 41 пожарникар но, процесот на заминување во пензија неможеме да го ставиме во „МИРУВАЊЕ”. Опремувањето е планирано за 2022 година кога планираме сериозна набавка на опрема и возила за Бригадата, нагласува Симоновски.

Во интервјуто, Симоновски зборува и за 5 август, денот кога ТТПЕ имаше рекордни 22 интервенции, а се осврнува и на опременоста на австриските пожарникари кои помогнаа во гаснењето на големите пожари што го зафатија малешевскиот крај.

Next Post

МОН: Во вторник истекува рокот за пријавување за 2.400 денари субвенциониран студентски оброк

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

May 5, 2026

Бочварски: За две години власта нема ниту еден нов проект, се фали со проектите на СДСМ

May 5, 2026

Мицкоски: Историски најниска невработеност и над 15.000 нови работни места во последната година

May 5, 2026
Илустрација Фронтлајн

Што знаеме за „Проектот Слобода“ на Трамп за Ормускиот Теснец?

May 5, 2026
Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис за 5 мај – Продлабочување во Стрелец

May 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk