ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: „Од немај-каде“ коалицијата е однапред осудена на пропаст и пораз, наставата со физичко присуство ќе биде пропратена со протоколи, граѓанска војна со сељаците

August 29, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Новата коалиција на Мицкоски, Села и Гаши е “Од немај- каде” коалиција која е однапред осудена на пропаст и пораз, велат од СДСМ. Од напред се поразени и осудени на пропаст тие што од немај каде наутро скандираат “Чиста Македонија”, а попладне лажно се оградуваат за 27 април. Политичари без став се поразени политичари, а Мицкоски е репрезент на оваа карактеристична група.

Владата донесе одлука од 1 септември наставата во основните и средните училишта да започне со физичко присуство во сите училишта, за што се подготвени сите протоколи за заштита на здравјето. Од исклучителна важност е целосно почитување на протоколите за настава со физичко присуство, бидејќи само на тој начин сите ќе го заштитиме своето и јавното здравје.

Македонија ја умираат со смртта на нејзините луѓе. Ова е  артилериска подготовка. Не бомбардираат со мртви тела. Антиваксерите, вмороните и другите припадници на групацијата на лудаците, примитивците, злосторниците и антимакедонистите, ја играат истата улога каква што на аеродромот во Кабул ја одиграа самоубијците на Исламската држава… Граѓанска војна со сељаците, пишува БРАНКО ТРИЧКОВСКИ.

Заев се обрати на свеченото доделување на наградите на финалето на Светскиот куп во олимписката дисциплина далечинско пливање 10 километри што се одржа во Охрид во организација на Пливачката федерација на Северна Македонија со поддршка на Светската пливачка федерација (FINA). Учесниците во далечинско пливање во Охрид ја оправдаа одлуката на ФИНА нашата земја да биде организатор на оваа олимписка дисциплина, истакна тој.

Со поставување камен темелник денеска во близина на Охрид ќе биде означен почетокот на изградбата на 400 – киловолтниот далновод Битола (Северна Македонија) – Елбасан (Албанија), како дел од Коридорот 8.

На 31 август, вторник, истекува рокот за аплицирање за субвенциониран студентски оброк наменет за сите редовни студенти на државните и приватните универзитети во државата. Ги повикуваме тековните студенти, денеска и утре да го завршат пријавувањето, за да може првата уплата во износ од 2.400 денари, да ја добијат на почетокот на октомври годинава, велат од МОН.

М. М.

Next Post

На Табановце за излез од државата се чека 30 – 45 минути

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

May 5, 2026

Бочварски: За две години власта нема ниту еден нов проект, се фали со проектите на СДСМ

May 5, 2026

Мицкоски: Историски најниска невработеност и над 15.000 нови работни места во последната година

May 5, 2026
Илустрација Фронтлајн

Што знаеме за „Проектот Слобода“ на Трамп за Ормускиот Теснец?

May 5, 2026
Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис за 5 мај – Продлабочување во Стрелец

May 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk