ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Министерството за здравство апелира да се вакцинираат родителите на децата од градинките и учениците

August 30, 2021 15:03
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА

Пред почетокот на новата учебна година, земјите во регионот ги соопштија одлуките наставата за учениците да се одвива со физичко присуство под јасно утврдени здравствени протоколи, за разлика од минатата година, кога во повеќето држави имаше целосно затворање на училиштата, соопштуваат од Министерството за здравство.

Надлежните се согласни дека за здравјето на учениците е приоритет, но за епидемиолошката состојба да биде стабилна и наставата да се одржува непречено до крајот на учебната година, неопходно е што поголем дел од населението да се вакцинира, пред сè родителите и просветните работници.

Според одлуката на Кризниот штаб за борба против коронавирусот во Србија, наставниот процес во земјата ќе започне редовно, на 1-ви септември, часовите ќе траат по 45 минути, со полн капацитет на училниците. Наставата ќе се одвива по т.н. модел на безбедна средина, кој предвидува учениците да носат маски само додека одговараат, додека вакцинираните наставници нема да бидат обврзани да носат заштитна маска, се додека одржуваат соодветно растојание од учениците.

Во зависност од епидемиолошката состојба, предвиден е систем за спроведување на наставата и преку два други модели, со кои физичката настава ќе се комбинира со настава на далечина или целосно ќе се одвива онлајн при висок степен на ризик.

Флексибилен протокол кој овозможува секое училиште да го регулира начинот на реализирање на наставата според локалната епидемиолошка слика и заболеноста во регионот во кој се наоѓа е донесен и во Бугарија.

Протоколот подготвен од бугарското Министерството за образование, предвидува маските во училниците да бидат задолжителни за сите ученици во основно образование, доколку се наоѓаат во епидемиолошки ризична средина, односно област во жолта, црвена или темно црвена зона. Границата за преминување на онлајн настава ќе биде доколку 10 отсто од учениците се заразени. Бидејќи во моментов речиси сите области во Бугарија се во жолта или црвена зона, учениците ќе ја започнат школската година со задолжително носење маска за време на часовите.

Во Хрватска, планот за одржување на наставата ќе се настојува да се одвива целосно во училниците. Во споредба со претходната, оваа училишна година надлежните најавуваат и порелаксирани мерки. Хрватскиот завод за јавно здравство препорача вакцинација на деца постари од 12 години со хронични болести, за оние кои во семејството имаат таков член, за постарите средношколци и оние кои учат во здравствена, угостителска, туристичка насока и услужни дејности, бидејќи токму тие во текот на практичната настава доаѓаат во контакт со повеќе луѓе.

И во нашата земја оваа учебна година започнува редовно, со физичко присуство во основните и средните училишта, а ќе се одвива под јасно утврдени здравствени протоколи. Ваквата стратегија се покажа како добра минатата учебна година, кога 40 отсто од учениците следеа физичка настава.

Исклучок од оваа одлука ќе бидат децата со ретки болести или попречености, деца кои доаѓаат од семејства со хронично болни членови на семејството, по барање на родителите, или други немедицински причини, со дозвола на училиштето.

Mинистерството за здравство апелира за масовна вакцинација, особено на родителите чии деца ќе тргнат на училиште и во градинка, како би се заштитиле семејствата.

Во случај на влошување на епидемиолошката состојба, МОН  по проценка на Комисијата за заразни болести, за реализација на наставата има две резервни сценарија со кои ќе се заштити и зачува здравјето на учениците и наставниот кадар како приоритет, притоа одржувајќи го континуитетот на образованиот процес.

 

Next Post

Роналдо договори двегодишна соработка со Манчестер јунајтед

НАЈНОВО

Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

August 24, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

August 24, 2025

Д-р Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk