„Денес сме фокусирани на достоинствен прием на овие граѓани, на нивна здрав.проверка и заштита и нивно сместување во соодветните хотели кои се предвидени за оваа намена. Целиот фокус денес ни е да ја покажеме солидарноста на дело“, изјави министерот Османи на пристигнувањето на групата граѓани од Авганистан.
– Наредните денови ќе се процесуираат нивните апликации, нивните конечни дестинации. Важно е сите ние, Владата но и граѓаните да ја покажеме солидарноста за овие граѓани кои денес со насолзени очи се симнаа на овој аеродром од солзи од среќа затоа што најдоа место каде што ќе бидат безбедни најмалку во наредните 90 дена за кога имаат престојувалиште овде, истакна министерот.
Д. Е.