ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Левица и бојкотерите на пописот пак пукаат врз невладините, со испуканите националистички ќор-фишеци на Груевски

August 31, 2021 17:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Левица и нејзината пропагандна машинерија на социјалните мрежи повторно плукаат и пукаат врз повеќе од 50 невладини организации, овој пат со испуканите националистички ќор-фишеци од пред 6 години на избеганиот криминалец Никола Груевски. Замислете, сакаат да го легитимираат и релативизираат нивниот повик за бојкот на пописот, „потсетувајќи“ дека овие педесетина граѓански организации беа против идејата на Груевски за попис во 2015 година, четири години откако самиот тој го прекина пописот и му изеде на народот 14 милиони евра.

Кога веќе „потсетуваат“, редно е да ја потсетиме јавноста зошто невладините организации беа против таа идеја на Груевски. Оти, многу луѓе во нашето општество имаат навика брзо да забораваат.

Имено, во 2015 година, кога Груевски ја даде оваа „бравурозна“ ќор-фишек идеја, на големо пукаа „бомбите“ на Заев, односно, се објавуваа разговорите кои ги прислушувал Груевски и неговиот братучед, сега веќе осудениот и затворен тогашен шеф на тајната служба, Сашо Мијалков.

Преку овие објавени разговори од тогашната опозиција, пред целата јавност се слушнаа и соголија монструозните димензии на режимот, кој прислушувал над 20.000 граѓани, политички опоненти, новинари, интелектуалци, граѓански активисти, затворал луѓе, крадел избори и стотици милиони евра од парите на граѓаните.

Со овој ќор-фишек, Груевски се обиде да ја замајува јавноста и да го дефокусира нејзиното внимание од криминалот на столетието и разоткривањето на неговата диктатура.

Освен тоа, да не заборавиме – идејата на Груевски беше да спроведе попис по стара методологија, со партиско тело на негово чело, исто како во 2011 година.

И, најважното: Со овој ќор-фишек, Груевски сакаше да избега од одговорноста за неговиот страшен криминал и заробување на општеството, водејќи ја приказната кон неговата омилена тема и политика за владеење – поттикнување на поделби и меѓуетничка омраза.

Груевски брзо ја заборави идејата за пописот, бидејќи набргу потоа „му текна“ една уште „подобра“ идеја. Да ја злоупотреби таканаречената „Тиранска платформа“ за да ги подигне до максимум етничките тензии во земјата, откако ја прифати истата, но Али Ахмети и ДУИ го оставија да „виси“ на прозорецот од неговата шампита-палата од лажен мермер, гипс и стиропор.

Како заврши таа идеја на Грувески, видовме на 27 април 2017 година. Со крвав упад во Собранието, обид за државен удар, убиство на пратеници и поттикнување меѓуетничка војна во земјата.

Сега, радикалните националисти и десничари предводени од лажната „Левица“, се обидуваат повторно да пукаат врз невладините организации  и да го стигматизираат граѓанскиот сектор, но уште поважно – да ги продлабочат поделбите и меѓуетничката омраза, користејќи ги испуканите ќор-фишеци на Никола Груевски. Оти, во тие води најдобро „пливаат“ и мислат дека им носат најголем ќар.

Нека ми простат, ама, ако тие и нивните идоли паметат триесет секунди и преку жестока пропаганда и перење мозоци довеле до состојба и дел од граѓаните да се однесуваат така и да им веруваат, има некој што памети троа подолго.

Овие испукани куршуми, едноставно, веќе не проаѓаат во демократска и мултиетничка Северна Македонија.


Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.

Next Post

Свечена владина седница во чест на 30-годишната независност: С. Македонија со наследството од минатото и храбрите одлуки денес создаде држава членка на НАТО, со извесна европска иднина

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk