Горан Герасимовски ќе биде кандидат за градоначалник во Општина Центар, во Битола за ова место ќе се трка Христо Кондовски. Во Ѓорче Петров кандидат ќе биде досегашниот градоначалник Наумовски.
Во Струмица кандидат за градоначалник ќе биде Костадин Костадинов, пратеник на СДСМ , кој ги знае состојбите во оваа општина, рече Николовски,кој рече дека кандидатите се сигурни победници , зашто така покажуваат партиските анкети и анализи.
Битола – Христо Кондовски
Струмица – Костадин Костадинов
Куманово – Оливер Илиевски
Центар – Горан Герасимовски
Ѓорче Петров – Александар Наумовски
Струга – Димче Шипинкаровски
Гевгелија – Сашко Поцков
Крива Паланка – Сашко Митовски