ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димовски, Шекеринска и Спасовски: Успешната приказна АНБ и членството во НАТО се гарант за националната безбедност, продолжуваме посветено да работиме на реформските процеси

August 31, 2021 21:12
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Агенцијата за национална безбедност денеска организираше настан по повод две години од своето основање. Настанот се одржа во присуство на Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, заменик-претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, министерот за здравство Венко Филипче и бројни претставници на владините институции како и на независните тела партнери во соработката на Агенцијата.

На настанот се обрати директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски: „Денес, со задоволство можам да истакнам дека Агенцијата согласно целта за која е основана, веќе две години успешно ги штити националната безбедност, независноста, суверениетот, уставното уредување и основните права и слободи на човекот и граѓанинот гарантирани со Уставот.

Свесни за нашата улога во безбедносно-разузнавачката заедница продолжуваме посветено да работиме на реформските процеси, согласно највисоките НАТО стандарди, со цел наше натамошно усовршување и овозможување на брз и ефикасен одговор на ризиците и заканите по безбедноста на државата и граѓаните.“

„Длабоко сум уверен дека вработените во Агенцијата со својата стручност и професионализам ќе продолжат со реализација на уставните и законските надлежности преку успешно справување со тековните безбедносни предизвици на национално, регионално и глобално ниво со амбиции да станеме респектабилен и кредибилен партнер во областа на безбедноста на регионален и на поширок меѓународен план“, истакна Димовски.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во своето обраќање на настанот истакна: „Дури и во периоди на пандемија и буџетски кратења успеавме да создадеме буџетски ресурси кои ќе ги покријат потребите на безбедносните служби. Затоа што безбедноста навистина нема цена. И ние како држава во минатото увидовме дека сето она што се смета за заштеда е само краткорочно, а вистинската инвестиција е во силни и професионални  институции кои нема да зависат од ничија политичка волја.

Нашата задача како нова 30 -та членка на НАТО беше да покажеме дека сме држава со институции на кои може да им се верува. Процесот на таканаречен ветинг којшто го работеа неколку институции не беше лесен. Понекогаш тие одлуки влијаеја дури и на одлуките на Владата или на претседателот. Меѓутоа, тој процес беше неопходен. И тој процес покажа дека партнерите и сојузниците, во Северна Македонија навистина имаат и знаење и искуство, имаат и сила да носат одлуки кои што се професионални. Дозволете ми во оваа прилика да се заблагодарам и на НАТО, но и на партнерските земји кои што ни помогнаа во овој процес и ни овозможија да ги научиме лекциите, да не ги учиме премногу на наши грешки, туку да изградиме солидни институции“

На настанот, во име на Агенцијата беа доделени благодарници на низ институции кои помогнале во работата и кои безрезервно пружиле поддршка во спроведувањето на реформите. Благодарници беа доделени на премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на ОТА, итн.

Во име на наградените се обрати министерот Спасовски кој истакна: „Ми претставува особена чест што денеска по повод две години од формирањето и работата на Агенцијата за национална безбедност сме овде заеднички да прославиме  уште една годишнина  од  функционирање на оваа важна безбедносна институција, која претставува суштествен фактор во заштитата на безбедноста на сите наши граѓани.

Пред две години во самиот зачеток на формирањето на Агенцијата за национална безбедност на сите нас ни беше јасно дека тоа претставува еден исчекор напред и  е важен политички момент за нашата држава, кога Агенцијата беше формирана како самостоен, но законски строго регулиран дел од безбедносниот систем, наместо дотогашната Управа за безбедност и контраразузнавање при МВР.

Ваквата реформа на безбедносно-разузнавачките служби, која беше нужност согласно препораките од Извештајот на Рајнхард Прибе, овозможи формирање агенција по сите европски и НАТО стандарди, модерна и демократска институција.

Денеска две години подоцна АНБ е етаблирана и почитувана институција како во рамки на нашата држава така и во светски рамки. Задоволство ми е да истакнам дека ние како МВР имаме одлична соработка со АНБ и токму таа меѓусебна координација резултираше со низа успешни акции. Убеден сум дека оваа одлична соработка во интерес на граѓаните ќе продолжи и во иднина и со тоа заеднички ќе придонесеме за безбедноста на државата. Уште еднаш ви ја честитам годишнината и ви посакувам многу успеси.“

 

Next Post
Фото: О. Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН

Во Куманово ќе се формира Центар за обука за управување со кризи

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk