ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Самрак или нов почеток?

September 1, 2021 08:16
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Сашо Орданоски

Сашо Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Вечерта, некни, кога последниот американски воен авион, во кого се наоѓаа командантот на американската операција за повлекување од Авганистан и американскиот амбасадор во таа земја, го напуштија аеродромот во Кабул, во Скопје слета првиот авион со 149 цивили пребегани од „гробницата на империите“. Истиот тој ден, завчера, високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, во разговор за „Кориера дела сера“ порача дека ЕУ мора да го зајакне сопствениот воен капацитет и „стратегиската воена автономија“ – со други зборови, да почне да се ослободува од воената зависност од САД – со што поитно создавање на „почетна воена сила“ од 5.000 војници кои би можеле самостојно да интервенираат во ургентни ситуации, под „комплементарната“ закрила на НАТО пактот.

Тоа е новата меѓународна реалност на Западот и на оние кои аспирираат тоа да бидат (патем, сѐ уште мнозинството од македонските граѓани), што се „крчкаше“ со години, пред сѐ, во Вашингтон, особено во мандатот на подемот и падот на Доналд Трамп (но, и пред него), а својата молскавична, официјална глобална промоција ја доживеа со хаотичното повлекување на Американците од Авганистан. По не цели осум месеци на власт, Џо Бајден и неговиот претседателски мандат ќе останат вечно запаметени (што и да се случува понатаму) по оваа катастрофа во Кабул. И тука нема оправање, без разлика на импресивниот „воздушен мост“ со кој Американците, за само две недели – во оние услови! – успеаја да извлечат околу 120.000 луѓе преку Кабулскиот аеродром. И да остават уште илјадници на милоста и немилоста на талибанците.

Впрочем, минатонеделниот уреднички коментар во „Њујорк Тајмс“ ги сублимира двете лица на дебаклот во Авганистан, меѓу другото, потсетувајќи на едно старо правило во војската: водниците се грижат за тактиката, додека генералите ја планираат логистиката… А играњето со големите „геостратегии“ им се препушта на политичарите. Навистина, одлуката на Бајден, без никакво советување ни со најблиските сојузници, за нагло и тотално повлекување од Авганистан и последиците од таа одлука ќе останат да се проучуваат уште многу децении по светските воено-политички школи и академии. Но, не помалку шокантен е и фактот што и најголемите авганистански градови и цивилни и воени упоришта, за не цели десет дена, им се предадоа на талибанците речиси и без ни еден испукан куршум. Па, повеќе напнатост и драма видовме во американската постизборна претседателска транзиција и настаните во Конгресот, отколку во заземањето на претседателската палата во Кабул од страна на вахабистиве!

Питер Галбрајт, поранешниот заменик пратеник на ООН за Авганистан со право забележува дека власта што ја оставија Русите зад себе по нивното не помалку трауматично повлекување од еднодецениската окупација на Авганистан во 1989 година (што, несомнено, барем малку придонесе и за распадот на СССР) траеше околу три години пред да падне под дефинитивниот налет на талибанците во 1992 година; власта, пак, што Американците ја издигнаа и ја одржуваа во Авганистан во последните дваесет години од почетокот на окупацијата на таа земја – не го додржа ни нивното наврат-нанос повлекување, кое се претвори во вистински калабалак. И тоа после неколку трилиони потрошени долари (искрено, јас и не можам сосема да го разберам количеството на милијарди долари во тој износ) и околу 240.000 изгубени животи, од кои барем една третина цивили. Многу е компликувана целата таа сторија, но ако 35-40 милиони Авганистанци сакаат да бидат владеани од режим како талибанскиот – макар и заради целата дискредитирана власт на паднатиот „демократски“ режим – која странска сила може или треба да ги спасува од таквата „судбина“?!

Она што ја засега Македонија, пак, е глобалната дискредитација на нашиот најдобар западен партнер и сојузник, САД. Тоа, локално, им ги крева амбициите на сите оние „мали Ѓокици“ кои би сакале земјата да ја видат надвор од западната, американска сфера на влијание. И нашите „талибанци“ се надеваат дека времето работи за нив, без разлика што македонскиот часовник се „навива“ на Запад. Не му е првпат во историјата на Западот да му го прогнозираат крајот, дополнително на „американската ера“ во него, за потоа тој „крај“ да се претвори во уште поубедлив нов почеток. Долга ќе биде таа историја што допрва ќе се пишува, можеби е Бајден, сепак, само на почетокот на прередување на новите западни приоритети.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

AI Generated Image

Москва е подготвена да му даде азил на Маск ако затреба поради расправијата со Трамп

June 6, 2025
Генерирано со ВИ

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
Трамп и Мерц Фото:EWTN скриншот

(ВИДЕО) Мерц–Трамп: Средба што може да го промени текот на трансатлантската политика

June 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Маск сподели видео – Трамп на забави на сексуалниот престапник Епштајн, драматично влошување на односите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Курбан Бајрам, најзначајниот празник во исламкиот верски календар по Рамазанскиот Бајрам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЈПДП: Нема отстапки од планираниот период за пуштање на дел од автопатот Кичево-Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зајкова: Нема нов предлог за измена на Кривичниот законик, немаме ниту еден закон за суштинска реформа во правосудството

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk