ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Маричиќ: Планот е следната година да бидат дигитализирани 200 судници

September 2, 2021 13:08
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска соопшти дека е направен план за дигитализација со којшто ќе се овозможи речиси 200 судници низ државата да бидат опремени со соодветна опрема, која е донирана од повеќе странски субјекти, амбасадите на САД и Норвешка, ОБСЕ и ЕУ. Дигитализацијата треба да овозможи спроведување на онлајн судења. Маричиќ упати честитки до Судот во Кавадарци, како најподготвен и прв во процесот на дигитализација.

-Тој потфат треба да овозможи да има насекаде низ државата доволно опрема, опременост и подготвеност на кадарот да спроведе онлајн судење таму каде што ќе биде потребно и неопходно, но, исто така и јавноста да може да ги следи судењата без да мора физички да биде присутна, рече Маричиќ.

Тој потенцира дека за да се спроведе планот за дигитализација потреби се и законски измени.

– Ние во Законот за парнична постапка којшто е во Собрание веќе ги направивме тие измени. Во Законот за кривична постапка се работи на тоа. Едноставно целта ни е да имаме брзо и ефикасно судење без бескрајни одлагања и без можности за отстапување или манипулации. Тоа е особено важно во пандемија кога пандемијата и реално е објективна пречка за ефикасна постапка, но исто така се користи понекогаш и за одлагања. Нашата цел е наредната година веќе да ја имаме монтирано опремата низ државата, низ овие 200 судници и секако да ја опремиме и судницата во затворот „Идризово“ што значително би ги намалило трошоците и би ги олеснило судењата барем за скопското подрачје, истакна Маричиќ.

Тој додаде дека во планот за дигитализација е и штипското подрачје, особено апелациските судови и оние основни коишто се со најголем број на предмети ќе бидат опфатени затоа што тоа е најпотребно.

Во однос на испразнетите места во судовите и недостатокот од судии, како на пример Виничкиот суд кој има само еден судија, министерот за правда посочи дека за првостепените судови има само еден начин на избор на судии, а тоа е од оние коишто завршиле Академија за судии и јавни обвинители.

– За избор на судии или обвинители мора да се чека новата генерација, која треба да заврши до јуни или до крајот на идната учебна година и веќе наредната есен, значи во септември – октомври 2022 ќе можат да се избираат тие за судии или јавни обвинители. Се работи за околу 60 кандидати. Дотогаш немаме начин да избираме нови судии. Дотогаш ќе треба со организација на работата во договор со Судскиот совет и апелациските подрачја да се справат судовите со бројот на предмети и со обемот на работа, вели Маричиќ.

Тој е свесен дека треба да се пополнат одредени места за да може подобро да функционираат тие судови, но, вели треба да се почека една година за да може да се изврши соодветен избор од страна на Судскиот совет и Советот на обвинители по завршувањето на академците.

– Во Крива Паланка 12 години нема обвинител, во други места исто така има недоволен број на судии, има еден или ниту еден судија. Свесни сме за тој проблем. Впрочем, мислам дека Судскиот совет сега изврши избор, летово, на шест нови судии од последната генерација академци што останаа сè уште неизбрани и дел од нив се делегирани во Берово, дел од нив се делегирани во Крушево, така што Судскиот совет води грижа за пополнување на овие места, вели Маричиќ./МИА/.

Next Post

СДСМ го промовира Христо Кондовски кандидат за градоначалник на Битола

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk