Горно и Долно Лисиче денеска беа збогатени со нови садници. Имено, во кругот на училиштето „Гоце Делчев“ и околу градинката беа засадени висококвалитетни листопадни и зимзелени дрвја, соопштија од Општина Аеродром.
Со оваа акција, се посочува, Општина Аеродром го заокружи есенското засадување садници на територијата на Општината, во кое се вклучија градоначалникот Златко Марин, советниците, општинската администрација, учениците и вработените од училиштата и градинките, како и голем број граѓани.
Во рамки на годинешните акции беа засадени околу 3.300 садници, со што вкупната бројка за изминатите две години изнесува 5.500 дрвја. Во буџетот за 2020 година се предвидени дополнителни 20 милиони денари за набавка на садници.