ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Преку 20 починати во вчерашниот ковид биланс, ЕЦДЦ вели засега нема потреба од трета доза вакцина

September 3, 2021 07:45
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Не стивнува бројот на новодијагностицирани КОВИД-случаи, а преку 20 починати покажа и вчерашниот биланс. Во меѓувреме тече вакцинацијата на сите пунктови низ државата. Во тек е и теренската имунизација.

Според Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ), засега нема итна потреба од трета доза вакцина за општата популација. Се препорачуваат дополнителни дози или „засилувачи“ за луѓе со ослабен имунолошки систем, во согласност со ставот на СЗО.

Во земјава заклучно со 1 септември вакцинирани се вкупно 733.226 граѓани. Во државата се аплицирани 1.280.332 дози вакцини, а ревакцинирани се 547.105 граѓани.

Согласно последните бројки, 53 отсто од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 28 отсто од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

Од Министерството уште еднаш нагласуваат дека вакцините се безбедни, ефикасни и дека се единствениот начин да се победи пандемијата.

-Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста, се намалува шансата од заболување и од смртен исход, велат од Министерство.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) наведе дека приоритет е да се вакцинираат оние кои не ја завршиле вакцинацијата. Притоа потенцира дека сите вакцини одобрени во ЕУ штитат од хоспитализација и тешки форми на КОВИД.

-Според сегашните сознанија, нема итна потреба да се администрираат дополнителни дози за целосно вакцинирани лица. Но,дополнителните дози за луѓе со сериозно ослабен имунолошки систем треба да се земат предвид како дел од нивната вакцинација доколку не постигнале доволно ниво на заштита, подвлече европската агенција со седиште во Стокхолм, во која има претставници на околу 30 земји, вклучително и 27 членки на ЕУ.

На 18 август, Светската здравствена организација (СЗО) го критикуваше брзањето на богатите земји за третата доза на вакцина против КОВИД. Досегашните научни податоци, нагласи, не укажуваат дека има таква потреба.

– Давањето трета доза сега би било како да се додаде „спасувачки елек за луѓето што веќе го имаат, додека другите да се удават без и најмал елек за спасување, рече директорот за итни случаи во СЗО, Мајк Рајан.

Поради ширењето на делта варијантата, неколку земји одлучија или размислуваат за дополнителни дози, најчесто за луѓе со кревко здравје, но и за целата популација.

Статистиките покажуваат дека секое трето лице на возраст над 18 години се уште не е целосно вакцинирано.

Кај нас досега се направени вкупно 1.169.901 тестирање на КОВИД-19. Од почетокот на пандемијата се дијагностицирани 178.159 случаи, оздравеле 157.294 пациенти, а починале 5.987. Бројот на активни случаи изнесува 14.878. Вчера, КОВИД-билансот покажа 760 новозаразени, оздравени 644 лица и починати 23. /МИА/.

Next Post

Реконструиран скопски Бит-пазар

Shortcut

Најново

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk