ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бледиот интелигент и тапиот простак

September 4, 2021 17:11
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Сакам да се затворам во својот круг и да не одам подалеку од тоа што ми го допушта мојот поглед.

Морам да ја урнам таа проклета „општост“ која ме притиска пострашно од најтесниот затвор.

И да излезам на слобода.

На ограниченото.

Убаво кажано.

Но, не како идеја за местото на кое под сенката на некој еукалиптус ќе го најдеме спасот или за слободата од општоста, туку како крик за лошите состојби и процеси во заедницата.

За неподносливоста.

Знаете ли, да речеме, која е најужасна од сите средби?

Средбата со лавот во саваната?

Со тигарот во прашумата?

Со духот?

Со ѓаволот?

Не, сè се тоа идили.

Полошо, сто пати полошо, е кога бледиот интелигент ќе налета на тап простак – под услов да снемаат младост – таа средба да се случи во взаемна возрасно-човечка одвратност каква никогаш нема да почувствуваш со лавот кој те јаде; да биде избањата во физичкото процветување; и да мораш тој човек да го поднесуваш заедно со самиот себе, во таа невкусност, во сосот на таа идиосинкразија, во проклетството на таа карикатура.

Јас сум во таа карикатура, господине Гомбрович.

Во тој сос.

Македонија е во тие јајца на таканаречениот национализам, вмровизам, патриотизам, сеедно.

Се похува.

И се подготвува да се изеде.

Што вреди што не сум блед интелигент, кога околу мене има повеќе тапи простаци отколку пицајзли на некои срамни места.

Можете ли да си замислите како изгледа напорот да се поднесува тапоста и простоќата облечени во политика или во морални дилеми и активизми. Во вмровштина или во ушприцано антивакцерство, да речеме. Јас ќе ви кажам: да морате пет години да го поднесувате Жмицко и себе си како дел од единствениот амбиент, е пострашно искуство од несреќата лавот да ве јаде, тигарот да ве ебе и ѓаволот да ве пее.

Истовремено.

А најстрашно е тоа што не успевам на преостанатата нормалност да и објаснам дека јас не ја бркам тапоста и простоќата како политички феномени, туку како тапост и простоќа. Во нивната изворна димензија. Јас се борам со неподносливоста трудејќи се да ја направам општа. Без тоа не правиме ништо. Дека не сум јас против вмро затоа што сум за сдсм, туку затоа што под нивната политичка и партиска наметка гледам дека не се облечени во политички концепти туку во експлозивни прслуци на злото. Или, уште пострашно: дека се облечени во злото како политички концепт. Сеедно дали се свесни за тоа или не се свесни. Јас мислам дека се рентирани. Рентирани се имено, затоа што се тапи и прости. Тие тапаци и простаци успеаја да се прошверцуваат во политичкото пространство и сега никој не ги третира како медицински, здравствен или безбедносен проблем. Имаат политички сертификати. Еве ги, ќе одат на избори. Ќе продолжат да ги бркаат предавниците, комуњарите, Авганистанците, ќе прават змејови од Преспанскиот договор, на Села ќе му турат нова глава од виничка теракота, Филипче и Заев ќе ги вакцинираат со вмроин…Нормалните луѓе се почесто ја сфаќаат својата заблуда, но пристојноста и стравот, од себе повеќе отколку од злото, ги тера да ја продолжат расправата како сèда е така како што се прикажува.

Дури и кога ги критикуваат.

Ја обожуваат појавноста.

На некој перверзен начин уживаат во тоа море дури и кога им лепи кафени медузи по образите.

Проблемот е во тоа што тапоста и простоќата се отпорни на информациите кои говорат за штетите што ги предизвикуваат. И за нив и за нивните организации како чиста штета и опасност за заедницата. Најмалку пак ги прифаќаат аргументите дека се штетни и опасни за самите себе. Сите, освен, можеби, првите луѓе, но историјата на Камчев, Сашо, Груевски, Чафков, Гордана итн., покажува дека на крајот сите скотови наебуваат.

Главните антиваксери, да речеме, се вакцинирани, не се тие толку глупави колку што се тупави оние кои влагаат со нив во моралностручна дебата за вакцините, оние кои нивната кауза ја третираат од аспект на човековите права и моралот. Затоа што нивната идеја не е принципиелна дебата туку навлекување на тапоста и простоќата во смртоносен јуриш за освојување на власта преку мртвите тела кои ќе ја поразат во морална смисла.

Тие ги убиваат „своите луѓе“.

Тоа се организирани скотови и скотки.

Инсталации.

Убијци.

Нивната самопретстава не е битна за овие оценки.

Благородноста на нивниот напор таму кај што навистина егзистира, исто така.

Не знам дали добиваат и некакви бонуси.

За десет мртви од ковид-19 – 1.900 евра.

Хахаха, не би се изненадил.

Паре ли су тој мори мамо, за тој ебање с моралну панику.

Ако критичен дел од луѓето сè уште мислат дека Македонија заслужува внимание како форма на нивната реализација, тие ќе најдат начини да се одбранат од оваа агресија, на изборите, да речеме, да победат и поразената тапост и простост да ги култивираат и интегрираат, не да се пресметуваат со тие категории кога ќе бидат поразени туку сега кога се во кондиција, ако пак не тогаш може да се каже дека сите сме учествувале во подготовката на уште еден Авганистан. Без патетика и вишок солзи, соберете си ги пљачките и марш на жиците на Орбан, можеби ќе имате среќа од другара страна детето да ви го прифати Груевски и така да го повтори подвигот на оној војник на аеродромот во Кабул.

 


Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.
Next Post

Ексклузивен швајцарски рачен часовник посветен на Загор се продава за 3.100 евра

НАЈНОВО

Калас: Со 19-от пакет санкции ја лишуваме Русија од можности за финансирање на војната во Украина

October 23, 2025

Фактор на кој (не) се смета: Излезноста на Албанците на локалните избори

October 23, 2025
Фото: МИА

Задржување на „Табановце“ до 40 минути, на „Блаце“ до 30 минути

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk