ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МОН: За првпат се печатат учебници со Брајово писмо, се обезбедува подеднаков пристап во наставата за учениците со оштетен вид

September 5, 2021 13:00
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Министерството за образование и наука за првпат печати учебници со Брајово писмо за учениците со оштетен вид. Со помош на овие материјали за учење се обезбедува еднаков пристап во наставата за секој ученик, соопштија од секторот образование.

Оттаму додаваат дека материјалите, од кои еден дел веќе се готови, се печатат на специјален печатач во ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ во Скопје.

“Со печатењето на учебниците за прво и четврто одделение по новата Концепција, нашите ученици ќе можат подобро да го осознаат светот, да се едуцираат и да го имаат достапен секој пишан текст на Брајово писмо. Оваа година, благодарение на министерката Мила Царовска, добивме финасии за брајова хартија и свел-тач хартија со помош на која, оваа учебна година учениците од прво и четврто одделение со новиот концепт, сме обезбедени со Брајови учебници. Би сакал да се заблагодарам и на Бирото за развој на образование што ни ги доставија учебниците во ворд документ, како би можеле ние да ги прилагодиме и испечатиме на Брајово писмо”, вели директорот на
училиштето, Бобан Спасенцовски.

Дефектолог – тифлолог м-р Анита Чекановска Димитриевска, вели дека кадарот во училиштето континуирано работи и успева, оваа образовна установа да ја трансформира согласно со барањата на современите општествени текови.

“Овие промени секогаш се прават во склад со воспитно-образовните потреби на слепите и слабовидните деца и ученици, строго почитувајќи ги специфичностите на децата и младинците”, вели Чекановска Димитриевска.

ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ во Скопје е установа којашто непрекинато 67 години освен со воспитно-образовна се занимава и со рехабилитаторска дејност.

извор: МЕТА

Next Post

Ахмети: Кандидатите за градоначалници на ДУИ имаат пет програмски цели, меѓу нив и зелената агенда

НАЈНОВО

Ѓорѓиевски: За прв пат во историјата на Македонија наеднаш се градат многу училишта, градинки, спортски објекти и патна инфраструктура

August 24, 2025

Врачување на највисоките признанија на СВП на традиционалната манифестација „Мостови“

August 24, 2025
Фото: Укринформ

Канадскиот премиер Карни пристигна во Кијив

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тајните на Месечината: Зошто не сме ја посетиле со децении по Аполо мисиите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk