„На неколку денови пред крајниот рок за поднесување кандидатури, Христијан Мицкоски се уште нема кандидати за градоначалници за голем број важни општини. Очигледно е дека никој не се нафаќа да биде кандидат на губитничката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.
„Секому му е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги чека нов пораз на изборите, па затоа имаат проблем да најдат кандидати, затоа се почесто се шират информации за раскол и тензии во голем број општински комитети.
Деструкции, лажни вести, неодговорно постапување е сето она што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го нудат целиот овој период. Затоа на 17 октомври ги чека нов пораз, кога граѓаните повторно ќе застанат зад концептот на СДСМ кој води кон развој интеграција и напредок“, велат од партијата.