ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Наќе Чулев бил министер за внатрешни работи кога била распишана потерницата за дипломатот, вели Спасовски

Сакам да ја информирам јавноста и вас дека меѓународната потерница е распишана од страна на Ерменија на 25 февруари 2020 година, во тој момент јас сум претседател на Владата, а министер за внатрешни работи беше господинот Наќе Чулев, што во тој момент е направено дали е известено МНР, не ли е известено, јас немам детални информации за тоа.

September 6, 2021 14:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета на реконструираниот објект во Куманово, одговарајќи на новинарско прашање за македонскиот дипломат во Србија, рече дека меѓународната потерница за дипломатот ја распишала Ерменија на 25-ти февруари 2020 година, во период кога тој бил претседател на Владата.

– Во 2019-та година има информации коишто ги добива Министерството за внатрешни работи во смисла дека е можно да имаме вклученост на наши дипломати во одредена постапка, за тоа веднаш е известено Министерството за надворешни работи, меѓутоа во тој момент немало меѓународна потерница за ниту еден дипломат.

Сакам да ја информирам јавноста и вас дека меѓународната потерница е распишана од страна на Ерменија на 25 февруари 2020 година, во тој момент јас сум претседател на Владата, а министер за внатрешни работи беше господинот Наќе Чулев, што во тој момент е направено дали е известено МНР, не ли е известено, јас немам детални информации за тоа.

И нормално сега, кога се случи овој настан, ние сме информирани преку нашиот сектор за меѓународна соработка за тоа што се случило и информациите сме ги пренеле до МНР, така што таму постои еден сплет на настани за коишто сигурно и МНР ќе даде докрај сите информации коишто се потребни-изјави Спасовски.

Спасовски не знаел пред да се случи ова дека е распишана меѓународна потерница и нагласи дека по распишувањето на потерницата од 25 февруари 2020 година од Ерменија, во истиот момент, за ден-два се прикачуваат на системот во секторот за меѓународна соработка. Одговарајќи на новинарски прашања, Спасовски рече дека конкретната истрага се води во Ерменија, односно истрагите се водат во државите каде е сторено кривичното дело./МИА/.

Next Post
Фото: МИА

Симовски: Проблем со интернет-конекцијата привремено го прекина попишувањето

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

ФФМ и ФК Брегалница го осудија инцидентот во Штип

August 24, 2025
Фото: Цивил Медиа

Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

August 24, 2025

Мицкоски: Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ овие два дена е новитет на политичката сцена во Македонија, за Скопје се приоритетни три столба

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk